6-те најчести навики на мизерните и несреќни луѓе
Секој ден правиме избор да бидеме благодарни и среќни, или да го гледаме само лошото во сè и да бидеме мизерни. Без разлика што ќе ви се случи, вие одлучувате како ќе реагирате и какво влијание ќе има тоа врз вас.
Сосема е во ред понекогаш да бидете несреќни, но проблемот е кога тоа ќе ви стане навика. Оваа состојба на умот може да стане навика доколку ѝ дозволите. Многу често, несреќните луѓе се заглавени во животот и „живеат“ од сочувството и сожалувањето на другите.
Кога некој е несреќен или мизерен, навистина му е тешко да го види доброто околу него, или да забележи дека негативниот циклус во којшто е заглавен е само поради него. Негативните луѓе ги обвинуваат другите и се жалат секогаш кога можат. Погледнете кои се нивните најчести навики.
1. Тие се жртви
Во секоја приказна што ќе ја раскаже несреќната личност, таа е жртвата. За овие луѓе, нивните животи се премногу тешки за да ги толерираат или контролираат, а ова е вина на сите други. Овие луѓе никогаш не прифаќаат одговорност за нивните постапки. Тоа што се чувствуваат беспомошно не им помага и потсвесно, несреќните луѓе почнуваат да зависат од сочувствувањето и сожалувањето на другите.
2. Сакаат да се жалат
Несреќните постојано сакаат да зборуваат за тоа колку им се ужасни животите. Всушност, речиси сè што прават е жалење. Сите несреќни луѓе се фокусираат на нивните проблеми и негативноста во нивниот живот, наместо да се обидат да го видат доброто или да најдат решение за проблемот за којшто се жалат.
3. Се плашат од критики
Грижата за туѓото мислење е честа навика на несреќните луѓе. Додека до некој степен секој е загрижен што мислат другите за него, несреќните луѓе одат дотаму што ги замолчуваат критиките и одбиваат да ги прифатат и оние кои се за нивно добро.
4. Сакаат да озборуваат
Несреќните луѓе не се задоволни со нивните животи, па се фокусираат на туѓите и се обидуваат да најдат недостатоци. Кажувањето негативни нешта за другите прави несреќните луѓе да се чувствуваат подобро. Среќните луѓе немаат време да разговараат за туѓите животи и неуспеси. Тие се премногу фокусирани на доброто што им се случува.
5. Сакаат драми
Секогаш кога има некоја драма, без сомнение таму ќе се наоѓа и некоја несреќна личност. Овие луѓе сакаат да бидат дел од овие сцени, за да се осигурат дека драмата ќе продолжи. Тие сакаат да додаваат гориво во огнот, да ги влошуваат ситуациите и да ги споредуваат проблемите на другите со нивните животи, за и другите да се почувствуваат несреќно како нив.
6. Имаат проблеми со довербата
Дури и на најголемиот интроверт му се потребни пријатели. Секој од нас има потреба од пријател што ќе го сака. Но, несреќните луѓе не можат да формираат врски и тешко им е да ги одржуваат пријателствата. Страв им е дека ќе бидат повредени и не сакаат кога другите не ги сожалуваат или кога не се согласуваат со нивните негативни погледи кон животот. Кога пријателите и саканите се обидуваат да им покажат дека животот сепак не е толку лош, тие го гледаат тоа како предавство и сметаат дека никој не ги разбира. Поради ова, завршуваат уште поосамени и помизерни, мислејќи дека целиот свет е свртен против нив.
Погледнете и кои се навиките поради кои никогаш нема да бидете среќни.