6 совршени фризури за девојките со округло лице

6 совршени фризури за девојките со округло лице

Сите форми на лица се прекрасни и имаат нешто специфично што ги издвојува од другите, па за да ги нагласите овие уникатни карактеристики мора да знаете која фризура да ја изберете. Ако и вие сте девојка со округло лице, тогаш имаме 6 одлични предлози за вас! Одберете ја вашата омилена фризура и истакнете ги препознатливите црти на вашето лице.

1. Растурена пунџа

Селена Гомез има природно округла форма, па затоа и постојано си игра со отпуштените прамени што го врамуваат нејзиното лице. Оваа комбинација со нејзините шишки е одлична за повеќе видови лица, но најдобро им стои на оние со округло.

2. Странична фризура

Фризурата на Ема Стоун е класична и елегантна, исто како и нејзиниот типичен изглед. Страничната фризура одлично ќе им одговара на девојките со округло лице поради асиметричните делови што ќе ја разбијат формата и ќе ги истакнат образите.

3. Класична кратка фризура

Кратката коса е во тренд веќе неколку години, најмногу затоа што одговара на сите видови лица. Па, ако сакате да експериментирате ова лето, инспирирајте се од фризурата на Џенифер Гудвин, но не заборавајте на шишките бидејќи тие се најдобар избор за округлите лица.

4. Брановидна коса

Ако не можете да се одлучите помеѓу кратката и долгата коса, пробајте ја фризурата на Криси Тајген. Со цел оваа фризура да изгледа одлично на вашето лице, побарајте совети од фризер за стилизирање на предниот слој на косата.

5. Патец на средина

Сара Хиланд обожава да ја носи својата коса со патец на средина, притоа правејќи си убава рамка околу своето мало округло лице. Најдоброто нешто кај оваа фризура е што можете да ја направите на сите видови должини на косата.

6. Паж

Најважното нешто што треба да го запаметите за оваа фризура е да пробате да направите илузија, односно мала асиметрија на вашето лице. Ако сакате да изгледате исто како Мила Кунис и имате округло лице, тогаш оваа идеја е совршена за вас!

Дознајте како да направите боб фризура, дури и ако имате долга коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар