6 секси начини да ги стопите вишокот килограми
Ослободувањето од вишокот килограми не мора да подразбира само напорно вежбање и одрекување од омилената храна. Секако, убаво е да јадете умерено и да бидете физички активни, но немојте да заборавите на уште една важна работа во процесот на слабеење – љубовта. Според истражувањата, нежностите кои ги разменуваме со партнерот како бакнувањето и милувањето можат да бидат добри сојузници во борбата со дебелината и постигнување на идеалната фигура.
1. Бакнување – 68 калории на час
Се сеќавате на долгите бакнежи на почетокот на врската? Ако имате проблеми со килограмите, стручњаците препорачуваат да се вратите во таа фаза. Бакнувањето не само што претставува совршен начин за покажување на чувствата, туку е и лесна вежба со која можете да согорите близу 90 калории на час. Можете, на пример, заедно да работите на стомачните мускули, но така што ќе се бакнувате при секое подигнување. Така за половина час ќе согорите околу 170 калории.
2. Соблекување – минимум 8 калории
Додека го соблекувате вашиот партнер, веројатно не размислувате колку енергија е потребно за тоа, но факт е дека ослободувањето од облеката троши 8-10 калории. Италијански истражувачи утврдиле дека машко кое се обидува да ѝ го соблече градникот на партнерката со заби, притоа може да изгуби и до 80 калории. Па затоа, наместо стандардното соблекување на градникот, од следниот пат почнете да трошите калории уште пред да почне сексуалната игра.
3. Масажа – минимум 80 калории на час
Нема потреба да објаснуваме зошто сите обожаваме кога некој нè масира, но вредно е да се напомене дека како масер/ка можете да потрошите најмалку 80 калории на час. Посветете се на грбот и рамењата на партнерот и активирајте различна група мускули. Правете лесни потези и бидете креативни. Во текот на масажата подобро е да стоите додека партнерот треба да лежи пред вас.
4. Секс – најмалку 140 калории за половина час
Сигурно знаете дека сексот спаѓа во физичка активност, но дали знаете дека со него можете да согорите и до 400 калории на час? Тајната е во односот кој трае долго и вклучува честа промена на позите. Ако партнерката е одозгора и ниша со колковите, тоа е одлична вежба за затегнување на мускулите. Дополнителни калории се согоруваат и при доживувањето оргазам. Мора да признаете дека тоа е најубавиот начин за борба со килограмите.
5. Орален секс – 100 калории за половина час
Ако сакате орален секс, ќе ве израдува фактот дека пружајќи му орално задоволство на вашиот партнер трошите околу 100 калории на час. За да ги зачините работите, обидете се тоа да го правите паралелно со јога или склекови. После неколку минути ќе се чувствувате како да сте се вратиле од трчање.
6. Танцување – 100 калории за половина час
Без разлика дали имате или немате облека на себе, малку „валкано“ танцување може да биде одлична вежба за вас и вашиот партнер и дополнително да ја вжешти атмосферата во спалната соба. Докажано е дека жените после танцување и аеробик можат полесно да се возбудат и да се загреат за секс. И со нежен танц можете да придонесете за вашата линија, но ако навистина сакате да се испотите, одберете нешто со подинамичен ритам.