6 реченици кои никако не смеете да ги изговорите додека сте голи

6 реченици кои никако не смеете да ги изговорите додека сте голи

Соблекувањето пред некого е многу интимен чин и нормално е ако се чувствувате непријатно поради тоа. Но, доколку личноста пред која стоите голи е вистинската, таа би требало да направи сѐ за да исчезне тоа чувство. Жените никогаш не смеат да се извинуваат поради нивниот изглед, ниту пак за нивните телесни недостатоци. Познато е дека добриот секс бара голема самодоверба. Во тој контекст, ова се 6-те реченици кои ниту една жена не смее да ги каже додека е гола…

6 реченици кои никако не смеете да ги изговорите додека сте голи

1. „Немој да ме гледаш!“

Наместо тоа, размислувајте на овој начин: „Гледај ме. Гледај ме целата. Ова тело ти дава толку многу интимност, страст и забава. Во овој момент ништо не е посекси од моето голо тело.“

2. „Ги мразам моите…“

Самите одлучуваме што е за нас секси, не одлучуваат за тоа списанијата и модната индустрија. Ако верувате дека сте секси, така и ќе изгледате. Човечкото тело е секогаш совршено, особено за време на толку интимен чин. Освен тоа, да бидеме искрени – незадоволството од изгледот на телото само го уништува моментот.

3. „Ти се допаѓа ли мојата…“

Ова не е време да барате потврда за тоа дали некој дел од вашето тело е убав или не. Така само ќе оставите впечаток на несигурна личност и партнерот така и ќе ве доживее. Нормално е да се чувствувате непријатно кога сте голи, но што повеќе се држите до тоа чувство, толку потешко ќе ви биде да се ослободите од него и да се засакате целосно.

4. „Изгаси го светлото.“

Една работа е ако сакате да го намалите светлото за да го зачините сексот и да создадете возбудлива атмосфера, но ако сакате да се скриете во мракот, тоа е сосема друга работа. Доколку некој ве осудува поради тоа како изгледате на светло, не заслужува да ве има во темница.

5. „Извини поради моите…“

Уживањето и возбудата ќе изостанат доколку му се извинувате на партнерот поради вашите несовршености. Партнерот би требало најмногу да го сака оној дел од вашето тело поради кој се чувствувате најнесигурно, за да ви покаже дека сте прекрасни и привлечни токму онакви какви што сте.

6. „Не сакаш да го видиш тоа.“

Доколку на партнерот му ускратувате пристап до одредени делови од вашето тело, си ускратувате и себеси и нему незаборавно сексуално искуство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар