6 работи за кои треба да престанеме да се убедуваме дека се вистина

6 работи за кои треба да престанеме да се убедуваме дека се вистина

Сите кажуваме лаги, дури и на самите себеси. Понекогаш малите корекции на вистината се во ред, посебно кога треба да се заштитиме пред другите или да ја маскираме својата емоционална состојба. Но, постојат работи кои мораме да ги прифатиме без да ги криеме, првенствено од себе. Во тој контекст, прочитајте ги лагите кои треба да престанеме да си ги кажуваме себеси доколку сакаме да го разубавиме нашето секојдневие и нашиот живот.

6 работи за кои треба да престанеме да се убедуваме дека се вистина

1. „Добро сум“

Сосема е во ред да кажете дека сте добро кога не сакате да ги повредите своите најблиски. Но, лошо е кога ќе почнете тоа да си го кажувате себеси. Кога луѓето се соочуваат со некои проблеми и потешки ситуации, тие често наместо да се обидат да ги решат со време, се обедуваат да се убедат себеси дека сѐ е во ред. Морате храбро да се соочите со реалноста. Сите сме луѓе, а проблемите се јавуваат дури и во оние моменти кога сѐ правиме како што треба. Соочете се со нив за мирно да продолжите кон своите цели.

2. „Тој/таа не ми треба. Подобро е да бидам сам/а“

Понекогаш ги бркаме луѓето кои се грижат за нас бидејќи мислиме дека ќе биде полесно за сите доколку не дозволиме никој да се вмеша во нашите обврски и одговорности. Сите потајно се плашиме да бидеме повредени, но не треба само поради тоа да пропуштиме да доживееме едно неверојатно животно искуство. Да се има некој кој ве сака и на чија поддршка можете да сметате во секое време е нешто незаменливо и непроценливо. Признајте си себеси дека целта на секој однос е меѓусебното унапредување и дека не ви подобро кога сте сами.

3. „Нема да се менувам. Таков/таква сум каков/каква што сум“

Ова најчесто го кажуваме кога ќе направиме нешто лошо поради кое се каеме и со ваквата изјава се обидуваме да се чувствуваме полесно и да имаме повеќе самодоверба. Луѓето честопати знаат да ја изговорат оваа реченица кога веруваат дека промената е невозможна и дека немаат доволно сила да поработат на себе. Вистината е сосема спротивна и вели дека луѓето најлесно се менуваат бидејќи во нивната природа е да се прилагодуваат на околината. На тој начин еволуираме и напредуваме.

4. „Не можам“

Овде нема што многу да се кажува бидејќи насекаде околу нас има примери на луѓе кои успеале. Оваа лага е една од најлошите што можеме да си ја кажеме и која автоматски го убива нашиот елан и самодоверба, успешно уништувајќи го и нашиот потенцијал за успех. Вие навистина можете сѐ, кога верувате во тоа. Доколку себеси се убедувате во спротивното, тогаш нема да постигнете ништо. Затоа заборавете на сѐ и храбро тргнете напред.

5. „Не заслужувам да бидам среќен/среќна“

Имате погрешно мислење, бидејќи секој заслужува среќа. Среќата е слободен избор и космосот ја содржи во доволна количина за сите нас. Колку повеќе ја делиме со другите, толку повеќе ни останува. Доколку сте направиле нешто погрешно и за тоа ви е жал, тогаш сигурно заслужувате уште една шанса. Сите се надеваме на среќата и затоа кога себеси си велите дека не заслужувате да бидете среќни, тогаш само непотребно и лошо се лажете.

6. „Сега не е вистински момент“

Никогаш не е вистинскиот момент. Доколку постојано велите „не сега“, тоа полека ќе прерасне во „никогаш“. Не постои подобар момент да направите нешто што сакате од сегашноста. Откажете се од лошите навики, јавете ѝ се на таа личност, започнете да се подготвувате за испитот, извинете се некому, запишете курс… Никогаш не е доцна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар