6 работи во вашата чанта што би можеле да ви бидат од огромна корист

6 работи во вашата чанта што би можеле да ви бидат од огромна корист

Повеќето дами во своите чанти имаат мобилен телефон, кредитни картички, документи за лична идентификација, кармин и огледало. Навистина овие работи се потребни и се користат секојдневно, но, покрај нив треба да имате и уште неколку дополнителни предмети кои може да ви бидат од корист во одредени вонредни ситуации. За да бидете сигурни во повеќе ситуации, погледнете уште што треба да понесете во својата секојдневна чанта.

6 работи кои треба да ги имате во вашата чанта и кои ќе ви бидат од голема корист

1. Резервни клучеви за автомобил

Автомобилот е многу корисен во секојдневието, затоа што со негова помош остварувате многу задачи, стигнувате на посакуваното место, создавате нови искуства и гледате многу работи. Но, сето ова не можете да го постигнете доколку ги немате клучевите од него. Замислете дека сте отишле во шопинг, па при брзање сте ги изгубиле и не можете да ги најдете. Затоа, осигурете се дека со себе секогаш ќе имате резервни клучеви.

2. Пенкало

Пенкалото е потребно во многу секојдневни ситуации. На пример, замислете дека треба да пополните некој формулар, да се потпишете некаде, да одговарате на некоја анкета и слично. Наместо да ја барате најблиската продавница или пак да позајмувате од случајните минувачи, најдобра идеја е да понесете едно со себе. Пенкалото не тежи, а може да ви помогне во многу ситуации.

3. Конец за чистење заби

Што би направиле доколку сте излезени некаде и на забите забележите остатоци од храна, а ве очекува некој важен деловен состанок? Конецот за чистење заби е потребен за лична хигиена, а толку е мал што речиси воопшто не зазема простор. Па, нема зошто да не го понесете со себе.

6 работи кои треба да ги имате во вашата чанта и кои ќе ви бидат од голема корист

4. Мало пакување влажни марамчиња

Колку и да бидете внимателни, секогаш постои веројатност нешто да истурите врз себе, да се извалкате со храна, да ги извалкате вашите чевли… Затоа, бидете подготвени.

5. Очила за сонце

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога возите, а не можете да гледате неколку метра пред себе затоа што ви пречи сонцето? За да бидете безбедни, секогаш имајте еден пар очила за сонце во вашата чанта. Подобро да ги имате отколку да жалите. Покрај тоа, очилата за сонце ќе ви помогнат и во ситуации кога ќе почувствувате потреба за приватност и нема да сакате некој да ве познае. Па, со сигурност нема да погрешите!

6. Ситни парички

Ситните парички може да ви бидат од голема корист. На пример, можете да ги искористите во продавница за да не ги раситнувате вашите пари, тие се корисни доколку сте на поминување и сакате да купите некоја мала ужина, а исто така ситните парички е добро да ги имате и доколку се возите со градски автобус.

Па, потребни ви се само неколку мали нешта за да ја имате целосно подготвена вашата чанта и да си овозможите нормално функционирање во текот на денот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар