6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Смудиња, сосови, супи, лимонада… Вашиот верен блендер е еден од повеќенаменските алатки во кујната. Токму затоа, не е ни чудно што се вознемирувате кога сечилата ќе станат тапи. Но, прочитајте ја оваа тајна: Бидете добри со вашиот блендер и тој ќе биде добар со вас. Ова се 6-те прехранбени производи што не треба да ги ставате во вашиот блендер за да ја сочувате неговата топ форма…

1. Коцки мраз

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Освен ако немате навистина моќен блендер што ќе може да го прифати овој предизвик, немојте да ставате коцки мраз во него, бидејќи сечилата ќе станат тапи. Па, што да направите ако сакате да направите смуди, а имате само големи парчиња замрзнато овошје? Оставете ги 10-тина минути да се одмрзнат или користете дробен мраз. На здравје!

2. Пире

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Извинете, но сечилата на вашиот блендер се премногу моќни за да направат пире какво што посакувате. Наместо тоа, тие ќе ослободат премногу скроб и ќе им дадат на компирите чудна и леплива густина. Највкусно пире ќе направите доколку рачно ги пасирате компирите.

3. Многу жешка течност

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Сакате да јадете чинија топла домашна супа? Прекрасно! Но, дали сте подготвени да ја собирате истурената течност од подот? Не звучи многу забавно, се согласувате? Сета пареа од жешките состојки може да направи поклопката да експлодира, што ќе предизвика вистинска кујнска катастрофа. Наместо тоа, оставете ја течноста да се излади неколку минути пред да ја ставите во блендер и не го полнете до крај, туку некаде до половината. Потоа, блендирајте бавно и истовремено држете ја поклопката цврсто за да не се извади.

4. Суво овошје

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Сувите кајсии и сливи може да остават лепливи траги на сечилата од блендерот. Не само што ќе ви биде тешко да ги исчистите, туку може и да го оштетите кујнскиот апарат. Ако сакате да блендирате суво овошје, најдобро е претходно да им додадете течност или да ги потопите во топла вода. Можете и да инвестирате во моќен блендер што ќе успее да се соочи со поцврстите смеси. И не заборавајте убаво да го исчистите блендерот по секоја употреба.

5. Кујнски прибор

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Јасно ни е дека сакате сите ваши состојки да се соединат во совршена хармонија, а спанаќот едноставно не мрда од место! Иако можеби ќе паднете во искушение набрзина да искористите лажица за да ги турнете состојките надолу, немојте да го правите тоа освен ако не сакате да си ја уништите лажицата, блендерот и сокот истовремено! Наместо тоа, исклучете го блендерот и потоа помешајте.

6. Тесто

6 работи што никогаш не смеете да ги ставате во блендер

Ако сакате да направите тесто за леб или колачи во блендер, постои голема веројатност дека ќе добиете премногу цврста смеса или пак состојките нема да се измешаат како што треба. Доколку сакате да искористите кујнски апарат за да направите тесто, употребете процесор за храна или миксер.

Иако не можете да го искористите блендерот за овие работи, можете да го употребите за да направите фантастично смуди со овошје и кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар