6 работи што ќе ви се случат кога ќе бидете во подобра форма
Сега сте на точката А: моментот кога вежбате со цел да бидете во подобра форма. Некогаш сте мотивирани да вежбате, некогаш не, но чувствувате обврска да вежбате секој ден. Но, животот ќе изгледа поинаку кога ќе стигнете на точката Б, односно кога фитнесот веќе нема да ви биде товар и ќе уживате во него.
Вежбањето веќе нема да биде обврска
Штом стигнете до формата која ја посакувате и која е добра за вашето здравје, одењето во теретана или на трчање веќе нема да го чувствувате како обврска. Додека сме деца, играме и скокаме затоа што така сакаме, но како што растеме физичката активност од задоволство прераснува во обврска за одржување на изгледот и здравјето на сила. Телото е создадено за да биде во движење и да работи. Затоа спортот ќе ви стане забавен и по некое време кога веќе не ќе морате да спортувате само за да загубите килограми, тоа ќе го чувствувате како задоволство, а не како обврска.
Ќе размислувате за активности, а не за серии подигнувања
Штом спортот ви стане задоволство, нема веќе да се заморувате за тоа колку серии по колку килограми сте кренале или колку километри сте истрчале. Партијата фудбал или часот поминат во пливање ќе биде она што е важно, а не бројот на согорени калории.
Ќе се фокусирате на вештини
Наместо да се обидувате секој ден да истрчате по десет километри, поважно ќе ви биде да го претрчате противникот додека играте фудбал. Тоа од вас ќе бара да го подобрите спринтот и агилноста. Обидувајќи се да го постигнете тоа, вие цело време ќе тренирате, но на еден позабавен начин.
Ќе бидете задоволни од вашиот изглед
Изгледот е најважниот мотив од социјален аспект кој луѓето ги тера да вежбаат, дури и оние на кои спортот им е слаба точка. Се разбира дека ќе бидете задоволни од сопствениот изглед кога веќе ќе имате поминато доволно време практикувајќи некаков спорт и согорувајќи масни наслаги, уште повеќе ако тоа го правите затоа што ви е забавно.
Нема веќе да плаќате за членарина во фитнес клубови
Иако е препорачливо да продолжите да ја посетувате теретаната или клубот за аеробик и откако ќе ја достигнете формата која сте ја посакувале, сепак веќе нема да морате да го правите тоа. Има, многу начини за одржување на формата и без нив. Можете да вежбате дома, да трчате во парк или на кеј, да планинарите, да играте кошарка со другарите итн.
Ќе поминувате повеќе време надвор
Како последица на сите претходно набројани точки, уживањето во добрата форма неизбежно ќе ве натера да поминувате повеќе време надвор. Можеби ќе се откажете од затворените простори во фитнес клубовите, можеби ќе се свртите повеќе кон игрите, а може и ќе се вљубите во природата како простор за бројни физички активности. Во секој случај, ќе поминувате повеќе време надвор отколку порано.