6 работи што ги учат оние што растеле покрај родители со кои немале силна поврзаност
Семејството е основен агенс на социјализација и како такво има огромно влијание на децата. Што ако семејството не е хармонично и сте растеле со родители кои немале доволно време за вас? Здравото семејство подразбира негување здрава и квалитетна врска помеѓу сите негови членови заедно и поединечно. Еве кои работи може да се научат доколку сте растеле покрај родители со кои не сте воспоставиле силна врска.
1. Концептот за успех зависи единствено од самите вас
Дефиницијата за зборот „успех“ може да значи напорно учење, добивање престижна работа и заработка на многу пари. Можеби мислевте дека ова е единствениот начин да се стане успешна личност. Кога сте одгледувани од родители кои ја ставале работата на прво место за вас станува сосема природно да го преземете тој став и несвесно да го применувате. Ако многу години сте биле во постојана трка за постигнување многубројни успеси за да ги исполните очекувањата на вашите родители – тоа не значи дека сте успешна личност. Ќе се обидувате да го заслужите нивното одобрување и сè што можете ќе правите за да станете успешни.
Но, наместо тоа завршувате чувствувајќи се мизерно и како да сте го изгубиле сопствениот идентитет. Кога еднаш ќе сфатите дека вредностите и нормите на вашите родители не мора автоматски да бидат ваши, тогаш ќе го научите концептот за успех и дека тој зависи единствено од вас самите. Успехот во вашите очи може да биде многу различен од начинот на кој го гледаат вашите родители.
2. Изразувањето тажни чувства не е знак на слабост
Ако сте растеле во заедница каде што било ставано под тепих сè она што било непријатно за разговор и ако сте ги задржувале вашите емоции во моментот кога требало да бидат ослободени, сигурно сте мислеле дека плачењето е знак на слабост. Растењето покрај родители кои како да имаат ставено фасада, ви создава притисок и вие да бидете воздржани. Вие сакате да бидете силни, и тие да мислат дека вие сте такви.
Некогаш ви се чинело дека живеете двоен живот и вашите родители немаат поим кои сте вие. Сте чувствувале дека сè е лажно и изгледало како да живеете живот во кој навидум сè изгледа совршено. Изразувањето на чувствата го прави животот вреден за живеење. Токму тоа нè прави ранливи едни кон други за вистински да се поврземе меѓусебно. Оние што не се плашат да ги искажат своите страдања не се слаби. Во спротивно, тие се најсилните.
3. Постојат различни начини на покажување љубов
Во филмовите родителите ги бакнуваат своите деца за добра ноќ или едноставно си велат „Те сакам“ едни на други, но за разлика од нив вашите родители љубовта ја покажувале преку храната. Прашањето „Дали си гладен/а?“ е начин на кој тие покажуваат грижа. Родендените се славеле со многу храна и вечерите значеле квалитетно поминато време со семејството. Сте научиле дека постојат многу различни начини за да се покаже кога се грижиме или сакаме некого. Љубовта е љубов и не постои единствен правилен начин за нејзино покажување.
4. Децата не се продолжение на нивните родители
Фактот дека тие ви создале живот не значи дека автоматски вие сте нивно продолжение. Тие се тука да ве насочат и да ви помагаат, но вие сте своја личност и индивидуа која има сопствени соништа и нешта што сака да ги прави. Родителите не смеат да ве направат мини верзии од нив. Вие сте дојдени на овој свет за да живеете сопствен живот и да создавате за себе, а не само да ги исполнувате туѓите барања.
Некогаш може да ви звучи како обврска да бидете синот/ќерката наместо да пораснете во личност на која ќе бидете горди кога ќе се погледнете во огледало. Потребно е време и храброст да се напушти таа улога која сте ја добиле во моментот на раѓање.
5. Менталното здравје е подеднакво важно како физичкото
Менталното здравје не е вообичаена тема на разговор во семејството во кое сте растеле. Дури и гледањето филмови со ликови кои страдале од ментално нарушување родителите лесно им ја ставале етикетата „луди“. Тие мислеле дека постојано треба да се биде позитивен и дека не смеете да мислите на лошите искуства од минатото бидејќи така ќе се чувствувате депресивни.
Нивната генерација не учела многу за менталното здравје и го гледале како „неопходна“ состојба што некој ја има. Ќе сфатите дека менталното здравје е подеднакво важно како физичкото бидејќи здравото тело не значи ништо ако мозокот не е во добра состојба. Балансот е клучен за живеење живот во којшто е возможно да се зборува на начин ослободен од осуда и страв
6. Да се мисли пред да се зборува
Ова во најголем степен е поврзано со вашата култура. Да се зачува образот е важен дел од одредена култура. Искреноста не е секогаш ценета во одредени околности и некогаш е подобро да се кажуваат само оние работи што некој би сакал да ги слушне наместо да се биде искрен. Ќе научите дека најпрво треба да ги набљудувате луѓето и ситуацијата и прво ќе мислите пред нешто да кажете. И најважното што ќе го научите е дека треба да бидете свесни до каде сте стигнале и кои нешта излегле од вашата уста и што би можеле да подобрите следниот пат пред да повредите некого преку вашите постапки и зборови.
Прочитајте ги и следниве 5 причини зошто не треба да им викате на децата.