6 работи кои успешните жени ги сфатиле на време и дошле до врвот

6 работи кои успешните жени ги сфатиле на време и дошле до врвот

Џил Грифин е авторка на книгата „Жените се одлични лидери“ која ја напишала по многу разговори со успешни работни жени на високи позиции во светските корпорации. Помеѓу останатите заклучоци се наоѓаат и овие 6 работи кои успешните жени ги сфатиле и ги примениле во својата работа.

2-6-raboti-koi-uspeshnite-zheni-gi-sfatile-na-vreme-i-doshle-do-vrvot-www.kafepauza.mk_

1. Знаат дека мажите не им се противници

Избришете го она дека живееме во „машки свет“. Статистиките покажуваат дека повеќето мажи се на водечки позиции, па затоа обидувајте се да бидете во добри односи со нив. Не гледајте ги како ваши непријатели на работното место. Бидете мудри, следете ги и слушајте ги нивните совети за тие да се чувствуваат убаво и да ви помогнат и да ве насочат.

2. Подготвени се да преземаат тешки задачи кога имаат прилика за тоа

И успесите и неуспесите може да ви користат, а паметните жени го знаат тоа. Кога работите одат добро, сите се туркаат кој прв ќе застане во редот пред директорот. Кога ќе се создадат проблеми сите се повлекуваат, а тогаш настапуваат силните жени. Они се свесни дека ништо не е невозможно и дека работата во кризните моменти особено се вреднува и цени во очите на надредените. Мудрите жени чекорат по жица и дозволуваат дури и малиот труд во тешките задачи дополнително да им се наплати. Кога ќе се поставите на тој начин, никој на работното место нема да може без вас.

3. Не се плашат од неуспех

Приказната за тоа дека жените се „послабиот пол“ и дека неуспехот ги парализира е заборавена. Неуспехот е лош за секого, но понекогаш токму тој може да биде најсилната мотивација. Сетете се на многуте поучни цитати на големите и успешни луѓе. Неуспехот е само искуство и на патот до врвот често ќе наидувате на него.

1-6-raboti-koi-uspeshnite-zheni-gi-sfatile-na-vreme-i-doshle-do-vrvot-www.kafepauza.mk_

4. Добро управуваат со финансиите

Жените не треба да бидат на работа само како секретарки и дактилографки. Од мали ни зборуваат дека математиката им е поблиска на момчињата, а книжевноста и ликовното на девојчињата. Но, тоа не мора да биде така. Мудрите жени ги интересира сѐ, а особено финансискиот аспект на работата. Нив никој не може да ги прелаже или да ги лиши од нешто што им припаѓа и што го заслужуваат. Со познавањето на финансиите тие се независни и самоуверени.

5. Градат добра мрежа

Ширење на социјалните кругови е она во кое жените се навистина добри. Мудрите жени ги одржуваат своите познанства, особено кога станува збор за исти гранки, клиенти, партнери, адвокати… Добрите врски и познанствата го одредуваат текот на вашата кариера и ви го олеснуваат животот на повеќе начини. Препораката и „добриот глас“ вредат злато во работниот свет.

6. Остануваат скромни и одлучни

Облеката и накитот не можат да им ги замачкаат очите на успешните и паметни жени. Тие знаат колку се бореле и се жртвувале за своите успеси и затоа не трошат на работи што само им го одвлекуваат вниманието. Успехот во никој случај нема да ги промени. Едноставноста е најголема мудрост, а одлучноста е клуч на успехот и победата.

Прочитајте и за овие 6 ментални блокади што ги спречуваат модерните жени да бидат успешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар