6 работи кои се случуваат секогаш кога ќе одглумите оргазам

6 работи кои се случуваат секогаш кога ќе одглумите оргазам

Многу жени решаваат дека полесно е да одглумат оргазам отколку да признаат дека не се сексуално задоволени. Тоа е погрешно, бидејќи жените треба отворено да разговараат доколку не можат да го достигнат врвот. Според едно истражување од 2005 година, помалку од една третина од жените доживуваат оргазам само со пенетрација. Мора да признаете дека овој податок е по малку загрижувачки. Глумењето можеби ќе му го зголеми егото на вашиот партнер во моментот, но секс терапевтите тврдат дека и двајцата многу пропуштате со тоа. Ова се 6-те причини зошто треба да престанете да се преправате дека сте сексуално задоволни…

6 работи кои се случуваат секогаш кога ќе одглумите оргазам

1. Ги пропуштате сите здравствени придобивки

Оргазмот активира многу корисни хемикалии како што се допамин, вазопресин, ендорфин и окситоцин. Овие хемикалии предизвикуваат многу емоционални и физички придобивки, како што се подобар сон, привремено ослободување од болката, намалена анксиозност, зголемување на имунитетот, подобрена концентрација, општа благосостојба и чувство на еуфорија. Доколку глумите оргазам, ги пропуштате сите овие неверојатни придобивки.

2. Глумењето го уништува сексот и за двајцата

Според секс терапевтите, многу мажи кои спиеле со повеќе од 30 жени, тврделе дека на ниту една од нив не ѝ требало 20-минутна стимулација на клиторисот. Тоа значи дека многу од жените глумат, бидејќи на најголемиот дел од нив им требаат околу 20-минутни допири со телата, како и стимулација на клиторисот. Мажите кои гледаат порно филмови мислат дека на жените им треба подолга и подлабока пенетрација за да доживеат оргазам, но тоа не е вистина. Сѐ се врти околу стимулацијата на клиторисот. Жените треба јасно да кажат што сакаат, да го побараат тоа отворено и самите да си го променат сексуалниот живот.

3. Вашиот партнер ќе продолжи со грешките

Сексот во голема мера подразбира истражување на сопствените, но и на туѓите желби и потреби со цел да се постигне и овозможи максимално задоволство. Кога ќе доживеете вистински оргазам, на тој начин му покажувате на партнерот што ви треба. Партнерот кој ве разбира и ви обрнува внимание за време на сексот, ќе го прими тоа знаење и ќе продолжи да ја усовршува техниката и допирите кои веруваат дека ве довеле до оргазам.

Многу жени мислат дека партнерот ќе се фрустрира доколку им треба повеќе време за да доживеат оргазам. Она што треба да го направите е да не брзате, да ги истражувате сопствените оргазми и да му дозволите на партнерот да ви се придружи на тоа возбудливо патување. Доколку поминете еден час во истражување на работите кои ви се допаѓаат, можеби нема да доживеете оргазам, но ќе добиете многу други значајни придобивки.

6 работи кои се случуваат секогаш кога ќе одглумите оргазам

4. Глумењето оргазам е нечесно

Порано или подоцна, вашиот партнер може да дознае дека глумите. Како ќе влијае тоа на неговото его зависи од неговата реакција на фактот што сте ги лажеле. Иако во моментот им ја зголемувате самодовербата на партнерите со тоа што ги наведувате да мислат дека ве задоволуваат, вистината е дека вашата сексуална врска се заснова на една голема лага. Неизбежно е дека тие еден ден ќе дознаат, бидејќи никој не може да глуми толку добро. Можеби ќе го ценат вашиот труд, но дефинитивно повеќе ќе им значи ако навистина доживеете оргазам.

5. Секојдневното лажење ќе го намали квалитетот на вашиот сексуален живот

Оргазмите носат големо задоволство и ве мотивираат да имате повеќе секс. Кога не доживувате оргазми, сексот многу лесно може да стане просечен и со тоа да ви ја намали сексуалната желба. Оргазмите се знак дека сте опуштени, сексуално присутни, еротски стимулирани и поврзани со вашиот партнер. Ако постојано глумите, тогаш ниту една од овие работи не важи за вас, а тоа не е воопшто добро.

6. Вашето сексуално задоволство е од големо значење

Ако глумите оргазам, тоа значи дека вашето задоволство воопшто не ви е важно или дека претставува товар за некого. Не само што не си дозволувате да почувствувате задоволство, туку и не му дозволувате на партнерот да ве задоволи и да научи повеќе за вас. На тој начин ги губите интимноста и блискоста што само оргазмите можат да ви ги овозможат.

Доколку сакате да го подобрите сексуалниот живот, прочитајте ги овие 10 причини зошто жените не доживуваат секогаш оргазам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар