6 работи кои не треба да ги јадете за појадок
Појадокот е најважниот оброк во денот. Храната што ја јадете наутро може да влијае врз вашето расположение низ целиот ден. Се смета дека здравиот појадок го намалува ризикот од рак и дијабетес. Сепак, треба да внимавате, бидејќи постојат одредени продукти кои не треба да ги консумирате за појадок. Еве кои се тие.
1. Сувомесни производи
Сувомесните производи содржат нитрати што го зголемуваат ризикот од рак и затоа се први на листата продукти што треба да ги избегнувате за време на појадокот.
2. Благи житарки
Некои житарки со полни со јаглехидрати и кога ги јадете нивото на шеќер во крвта нагло расте и потоа нагло се намалува. И бидејќи сигурно не сакате тоа да се случи на самиот старт на денот, најдобро е таквите житарки да ги избегнувате. Наместо нив, консумирајте ги оние што содржат протеини и растителни влакна.
3. Палачинки со јаворов сируп
Додека природниот јаворов сируп е здрав засладувач, постојат многу негови вештачки варијанти на пазарот. Засладувачите се присутни во преработената храна. Пченкарните сирупи со високо ниво на фруктоза, може да доведат до дебелеење во пределот на стомакот, па затоа подобро е да ги избегнувате за време на појадокот.
4. Слатки печива
Нивото на шеќер во ваквите производи е огромно. Шеќерот е најлош начин за почнување на денот, затоа што резултира со нагло зголемување на шеќерот во крвта. Ова значи дека по кратко време ќе огладнете, а со тек на време ќе го зголемите ризикот од дебелеење и дијабетес. Ако ова не е доволна причина за да не консумирате печива, внимавајте, бидејќи шеќерот, исто така е тесно поврзан со ракот. Последиците можат да бидат катастрофални.
5. Овошен јогурт
Иако содржат само стотина калории и ги има во најразлични вкусови, полни се со вештачки засладувачи и хемикалии. Наместо нив, одлучете се за нискомасните јогурти.
6. Мафини
Дефинитивно најкалоричниот избор за појадок. Мафините во себе содржат бело брашно, масло, путер и многу шеќер. Доколку веќе немате друг избор, трудете се барем да ги консумирате во нормални количини.