6 работи кои успешните луѓе ги прават за време на викендот
Честопати се случува единствените два дена во неделата кои ги имаме за одмор и рекреација да ги поминеме мрзливо, безволно и непродуктивно и да оставиме цел куп незавршени работи и обврски за тоа омразено понеделничко утро. Но, за среќа, според резултатите од истражувањата спроведени од веб-сајтот „Success“, следниве неколку активности и тактики се доста ефективни и ефикасни кога станува збор за квалитетно поминување на времето.
1. Играјте
Веројатно постојат работи кои не сте ги правеле од многу одамна, уште од кога сте биле деца, а кои биле неразделен дел од вашите викенди. Така, погледнете ја вашата агенда и обидете се да вметнете неколку интересни активности, како на пример заминете на некое кратко патување, почнете да учите нов јазик, да свирите на некој инструмент или да станете член на некоја креативна работилница. На овој начин ќе го споите корисното со убавото и ќе го исполните не само викендот, туку и вашето секојдневие.
2. Искористете го утрото
Често се случува саботните и неделните утра да бидат потрошени, а токму овие периоди се најдобри за да се запознаете себеси и работата на личниот напредок. Ангажирајте се за себе и немојте да дозволите вашата амбиција да влијае на семејството и пријателите, тие ќе ве поддржат во секој случај. Затоа, станете порано и трчајте, пишувајте, цртајте, работете нешто што придонесува за вас и вашата цел да станете подобра личност.
3. Создадете традиција
Многу семејства имаат некаква традиција за неработните денови. Успешните луѓе работат во полна пареа и знаат колку вредат и колку се значајни викендите, па затоа секогаш гледаат да ги поминуваат со најмилите. Обидете се да имате некаков ритуал како неделен ручек, утрински излет и слично. Со тек на време, овие ритуали ќе се трансформираат во прекрасни спомени.
4. Исклучете ги електронските уреди
Одлучете еден дел од денот да биде период кога ќе ги изгаснете сите електронски уреди околу вас, почнувајќи од средствата за комуникација па сѐ до апаратите за игра и рекреација. Уживајте во времето со вашите најблиски или со самите себеси во целосен мир, без нотификации, известувања, пораки и имејлови. Доколку одлучите ова време да го посветите на спиењето, тоа ќе биде одлична шанса да добиете мирен сон и да надоместите за ноќните часови кои сте ги поминале забавувајќи се со пријателите.
5. Оставете време за истражување
Прошетките, трчањето, возењето со велосипед и сите слични активности можат да се претворат во вистинска авантура. Секогаш имајте дел од викендот во кој ќе правите спонтани работи и ќе уживате во непредвидливите ситуации.
6. Испланирајте нешто забавно за неделната вечер
Доколку ја сакате својата работа, нормално е да почувствувате малку тензија и напнатост пред почетокот на новата работна недела. Доколку не ја сакате својата работа, овој дел од денот може да стане депресивен и вашата вознемиреност може да отиде предалеку. Затоа, потрудете се да направите нешто забавно пред да започнете да ги извршувате работните обврски и на тој начин да го подобрите расположението и да се опуштите. И запомнете, независно дали ја сакате вашата работа или не, секогаш обидувајте да дадете сѐ од себе, бидејќи на овој начин се приближувате до вашите крајни цели и аспирации.