6 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни

6 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни

Сите ние сакаме да бидеме попродуктивни, како на работа така и дома. Но, тоа е многу полесно да се каже одошто да се направи. Сепак постојат неколку едноставни умствени трикови со кои можете да ја подобрите вашата продуктивност, брзо и ефикасно. Погледнете како да го сторите тоа…

6 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни

1. Претворете го проверувањето на мејловите во игра

Според една неодамнешна студија, еден просечен човек поминува околу 28% од своето работно време во проверување мејлови. Еден тренер за маркетинг, Џорџ Као, го проверува своето сандаче еднаш на секој час и постојано кажува „следно“, како во игра. На овој начин, тој мора за секунда да одлучи како да се справи со мејловите, наместо да ги остави да се собираат.

2. Дозволете си малку да мечтаете

Мечтаењето најчесто се поврзува со мрзливост и непродуктивност, но изгледа малата прошетка на умот е добра за добивање „еурека“ момент кон кои сите луѓе се стремат. Во една студија од 2012 година, истражувачите откриле дека кога мозокот е во овој вид опуштена состојба, тој многу полесно смислува креативни решенија за комплексни проблеми.

3. Давајте си инструкции на глас

Водете се самите така што ќе си ги давате инструкциите на глас. На овој начин вие ќе го зголемите вашето внимание и ќе се оттргнете од оние нешта кои ве одвлекуваат од работата. Станува збор за едноставен метод кој може да ви помогне полесно да ги решавате проблемите, додека истовремено сте повеќе фокусирани. Интересен факт: Зборувањето гласно може да ви помогне и полесно да ги најдете изгубените објекти.

4. Расклопете ги крајните рокови на помали постигнувања

Истражувачите откриле дека кога луѓето ги претвораат своите цели и рокови од години во денови, тие многу поактивно работат на нив. Токму затоа нареден пат наместо да одложувате, направете го ова и ќе забележите дека воопшто нема да ви биде тешко да почнете.

5. Гледајте фотографии од природа

Вратете го вашето внимание така што ќе издвоите 40-тина секунди да гледате во природа. Една студија од Австралија која била спроведена оваа година, открила дека гледањето во цвеќиња и трева им помагало на учесниците да прават помалку грешки од оние кои гледале во згради. Водечкиот автор на оваа студија изјавил дека гледањето на фотографии од природата може исто така да ви помогне да го подобрите и вашиот перформанс на работа.

6. Постојано прашувајте се за вашиот продуктивен статус

Создадете мантра која ќе ве потсетува да останете продуктивни. Секој час прашувајте се што правите во моментот и како можете да бидете попродуктивни. Според научниците, на овој начин ќе направите мала пауза и ќе го вратите својот фокус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар