6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Ако имате деликатен нервен систем, добро знаете колку напорен може да биде секојдневниот живот. Гласната врева, силните светла, зборливите луѓе и дневните задачи се доволно за да се чувствувате изморено уште пред да започне денот. За да биде уште полошо, кафето и енергетските пијалаци кои ги консумирате само ја влошуваат вашата состојба. Без кофеин сте слаби и изморени, а со кофеин сте нервозни и раздразливи. Но, за луѓето како вас постојат многу природни засилувачи на енергија кои ќе ви помогнат, а истовремено се добри и за вашето тело.

Што се природни засилувачи на енергија?

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Овие засилувачи најчесто се тревки, цветови и зачини. Тие се многу поздрава алтернатива за енергетските пијалаци бидејќи не содржат адитиви и се полни со витамини, минерали и хранливи материи. Од друга страна, едно истражување од 2015-та година покажало дека енергетските пијалаци имаат негативно влијание на срцето, метаболизмот, цревата, забите и мозокот и дека ја зголемуваат анксиозноста.

Бидејќи сте чувствителна личност, вашата издржливост за кофеин е многу помала за разлика од другите луѓе. Поради ова важно е да се грижите за себе кога станува збор за консумирање енергетски засилувачи. Во продолжение погледнете 6 од најдобрите природни засилувачи на енергија.

1. Корен од мака

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Коренот од мака можете да го земате во прав кој ќе го додадете во вашето смуди или појадок, или пак можете да го консумирате како чај. Ова растение ја поддржува вашата надбубрежна жлезда и потекнува од Андите во Перу. Луѓето од овој регион го користат коренот од мака илјадници години како засилувач на енергија.

Придобивки: Се смета за суперхрана. Мака коренот не само што ја зголемува вашата енергија, туку се користи и за неплодност, како афродизијак и за урамнотежување на хормоните.

Вкус: Има добар вкус кој наликува на јачмен.

Кофеин: Мака коренот нема кофеин.

Витамини и минерали: Калциум, фосфор, цинк, магнезиум, витамини Б1, Б2, Б12, Ц и Е.

2. Јерба мејт

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Јерба мејт потегнува од Бразил, Парагвај и Аргентина каде што долго се бере од локалните жители. Листовите и стеблата на растението јерба мејт се потопуваат во вода и се создава силен стимуланс на нервниот систем.

Придобивки: Ова растение не само што ја зголемува вашата енергија, туку е полно и со антиоксиданси, ги зголемува концентрацијата и физичката издржливост, добро е за срцето, па дури е добро и за слабеење бидејќи создава чувство на ситост.

Вкус: Јерба мејт има вкус на горко кафе, но може да биде засладено со други тревки или замена за шеќер, како брашно од кокос или агаве нектар.

Кофеин: Јерба мејт има кофеин, но е една од најдобрите алтернативи за кафе бидејќи ретко има несакани последици.

Витамини и минерали: Содржи витамини Ц, Б1, Б2, како и цинк, хром, калиум, бакар, железо и манган. Исто така има многу аминокиселини и масни киселини.

3. Сенча и мача зелен чај

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Сенча чај

Сенча е зелен чај кој се одгледува во Јапонија. Всушност, овој чај е најпопуларниот во Јапонија и се приготвува со зовривање на цели листови.

Придобивки: Ја зголемува енергијата, богат е со антиоксиданси, го стимулира умот, го намалува крвниот притисок, го регулира нивото на шеќерот во крвта, ги зајакнува забите, го поттикнува слабеењето и го намалува ризикот од рак.

Вкус: Сенча чајот има малку сладок вкус кој потсетува на трева.

Кофеин: Сенча чајот содржи кофеин.

Витамини и минерали: Танин, хлорофил, флуор, калиум, железо, калциум, манган, фолна киселина, витамини Ц, Б2 и Е.

Мача чај

Мача чајот се користи во традиционалните кинески и јапонски ритуали. Во зен будизмот, мача чајот се подготвува за време на церемонија и се користи за да го зголеми вниманието.

Придобивки: Мача чајот е опишуван како смирувачки стимуланс. Добар е за детоксикација на телото, го зголемува нивото на енергија и физичката издржливост, ја подобрува меморијата, го намалува ризикот од рак и од предвремено стареење и го одржува здравјето на срцето.

Вкус: Мача чајот има вкус сличен на млеко.

Кофеин: Мача чајот содржи кофеин.

Витамини и минерали: Л-танин, хлорофил, катехини, полифеноли, витамини А, Б, Ц, Е и К.

4. Гинко билоба

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Ова дрво веќе илјадници години се користи во кинеската медицина. Всушност, ова е едно од најстарите дрва и неговото потекло датира од пред 270 милиони години.

Придобивки: Гинко билоба ја зголемува вашата енергија и концентрација со тоа што ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува стресот. Исто така ги ублажува ПМС симптомите, ги лекува главоболките и го смирува нервниот систем. Гинко билоба е познато и по способноста за намалување на анксиозноста и депресијата.

Вкус: Има малку сладок и малку горчлив вкус.

Кофеин: Гинко билоба не содржи кофеин.

Витамини и минерали: Високо ниво на флавоноиди и терпеноиди (антиоксиданси).

5. Сирово какао

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Сировото какао е ферментирана семка од растението какао. Се прави со ладно цедење на сирови какао зрна со цел да се зачуваат хранливите материи. Не го мешајте со обичното какао кое е печено на високи температури.

Придобивки: Сировото какао не само што го зголемува нивото на енергија, туку е познато и како природен антидепресив. Какаото го намалува крвниот притисок, го штити нервниот систем, ја намалува отпорноста на инсулин, го штити телото од токсини и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Вкус: Сировото какао има вкус на чоколадо. Може да биде малку горчливо, но можете да го засладите со кокосов нектар или шеќер, агаве сируп или стевија.

Кофеин: Сировото какао содржи кофеин, но добро е и за луѓето кои се чувствителни на него.

Витамини и минерали: Какаото е најдобриот природен извор на железо. Исто така е богато со магнезиум, калиум, цинк, бакар, калциум, манган и витамини Е, Б2, Б1, Б5, Б3 и Б9.

6. Масала чај

6 природни засилувачи на енергија кои се одлични за чувствителните луѓе

Оваа мешавина потекнува од Индија и содржи цимет, ѓумбир, ливчиња од црн чај, бибер… Иако обично се подготвува со млеко и шеќер, можете да го консумирате и без овие состојки.

Придобивки: Ја зголемува енергија, го намалува воспалението и го лекува телото поради големиот број антиоксиданси. Исто така го подобрува варењето на храната.

Вкус: Има одличен егзотичен вкус кој е малку сладок и лут.

Кофеин: Масала чајот има многу малку кофеин.

Витамини и минерали: Антиоксиданси, калиум, калциум, тиамин, магнезиум, манган, железо, витамини А, Б, Ц, Д, Е и К.

Прочитајте ги и овие совети за засилување на вашата енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар