6 причини зошто упорно се враќате назад во врска со бившиот партнер, колку и да ве повредува

6 причини зошто упорно се враќате назад во врска со бившиот колку и да ве повредува

Доколку некогаш сте биле во токсична љубовна врска, сигурно најблиските ви го упатиле истото прашање, повеќе пати: „Зошто повторно и повторно се враќаш назад во таа врска?“ Меѓутоа, како човек што поминува низ таа фаза воопшто може да одговори на ова прашање?! Како да им објасните на луѓето што чувствувате? Ако им велите дека сè уште го сакате и едноставно знаете дека тој ќе се промени на подобро, најверојатно нема добро да изреагираат, бидејќи ви посакуваат да сте навистина среќни, а не да се залажувате и повредувате. Голема е веројатноста дека се во право, бидејќи со тие зборови не сте се обидувале да ги убедите само нив, туку пред сè себеси.

6 причини зошто упорно се враќате назад во врска со бившиот партнер, колку и да ве повредува

Тешко е да ја прифатите вистината кога сте во ваква ситуација, во главно бидејќи не умеете да си признаете себеси дека личноста којашто ја сакате, не ве сака онолку колку што би сакале да ве сака. Но, враќањето назад во врска со маж којшто лошо се однесува со вас, е исто како да земете пиштол во рака и да си пукате во колено и да се прашувате зошто не можете да се движите напред. Патот е тежок, но откако ќе преминете на другата страна на нештата, ќе сфатите колку е прекрасно кога ќе го пронајдете мирот, а овие 6 совети ќе ви помогнат да ги отворите очите што е можно побрзо.

1. Сте заборавиле колку вредите

Кога почнуваме да ја забораваме нашата сопствена вредност, истовремено започнуваме да ги губиме и нашите граници и сфаќања за тоа што е здраво однесување, а што не е. Продолжувањето врска со момче коешто ве уништува психички, е само продолжување на агонијата во која тој само ви ја црпи енергијата и ви ја намалува самодовербата, бидејќи врската е еднострана и вие сте единствените што се трудите да успее.

Кога некој ќе почне да ја злоупотребува вашата дарежливост, емоции или срце, тој има целосна контрола врз вас, што ве тера да го посакувате уште повеќе. Колку повеќе некој зема од вас, толку повеќе мислите дека сте му потребни или посакувани. Но, во токсичните врски воопшто нема давање и земање, туку сè е околу земањето од оној што нуди љубов, без никако да му се возврати истата.

6 причини зошто упорно се враќате назад во врска со бившиот партнер, колку и да ве повредува

2. Размислувате со срцето наместо со главата

Тоа воопшто не е чудно, особено кога сè уште немате продолжено понатаму со животот после завршувањето на врската. Врска којашто постојано се прекинува и одново започнува со некое токсично момче, честопати е предводена од непостојани емоции. Цело време ќе постои таа непрекината драма и бркотница, што може да се претвори во недопустлива зависност. Во таквите ситуации сметаме дека негативното давање внимание, е подобра опција отколку никакво внимание, па продолжуваме да го бараме сè повеќе и повеќе.

Во поголемиот дел од времето сме свесни дека тоа не е во ред, но на некој начин успеваме да се убедиме себеси дека љубовта којашто ја чувствуваме кон партнерот, е доволна причина за да продолжиме да го трпиме психичкото насилство.

3. Се надевате дека тој ќе се промени

Проблемот со живеењето во надеж за подобро утре, е тоа што крајниот резултат никој не ни го гарантира. Во некои околности, луѓето навистина се менуваат и прават значајни чекори за да ги променат работите од корен. Но, наместо да се споредувате себеси со некоја таква ситуација, споредете ја вашата врска со нешто што е здраво.

Тешко е да си заминете од некој што го сакате, но ќе се повредувате уште повеќе доколку останете во врска со некој што е токсичен за вас. Здравите љубовни врски кои ги исполнуваат двајцата партнери, не подразбираат живеење во надеж дека во иднина ќе биде како што посакувате да биде, туку зајакнување и функционирање во врската, во моменталната реалност во којашто живеете.

6 причини зошто упорно се враќате назад во врска со бившиот партнер, колку и да ве повредува

4. Се обидувате да најдете некаков вид завршеток

Сè додека помеѓу вас постојат нејасни емоции и незавршена работа, нормално е да пробувате да се враќате назад. Како и да е, секојпат кога одново ќе влезете во токсична врска, создавате уште повеќе прашања и недовршени приказни. Размислувајте за себеси како да сте рана којашто треба да се излечи. Секојпат кога ќе ја отворите, ќе ѝ биде потребно повеќе време за да зарасне. Понекогаш, крајот е најдоброто нешто што може да произлезе од ваквата врска и мораме да прифатиме дека тоа што го сакаме нема да се случи во времето или начинот на којшто ние посакуваме да се случи. Завршетокот е ваш избор и нема никаква врска со другата личност којашто копнеете да ви го овозможи.

5. Го сакате повеќе одошто се сакате себеси

Да, во ред, го сакате повеќе од сè на светот и тоа е јасно како ден, но љубењето маж којшто ѝ влијае штетно на вашата самодоверба, нема да ве одведе кон ништо добро. Во ваквите ситуации, најдоброто нешто што можете да го направите, е да се сакате себеси вложувајќи ја истата грижа, како што тоа го правите за него. Ова во превод значи да се оттргнете себеси од таа токсична врска, еднаш-засекогаш. Кога токсичните луѓе ќе забележат дека доволно се почитувате и сакате себеси за да си заминете од нив, тоа ќе им даде одличен пример за тоа што љубовта во суштина значи. Во ниедно сценарио, вашето присуство во нивните животи не им дава право да ве злоупотребуваат, па ако ги оставите ќе успеат да разберат дека злоупотребата и искористувањето на друга личност, никогаш не смее да се толерира.

6 причини зошто упорно се враќате назад во врска со бившиот партнер, колку и да ве повредува

6. Го познавате многу добро и сте исплашени да го оставите

Тешко е да оставите некој или нешто што ви е многу добро познато и блиско, дури и ако сте заедно од погрешни, токсични причини. Веројатно, повторувачкото сценарио ви е веќе одамна познато: тој ве повредува, се расправате, вие си заминувате, тој ви се извинува, му се враќате назад, и потоа сè од почеток до крај, одново и одново. Болката ви станала удобна емоција којашто лесно можете ја контролирате и со којашто можете да излезете на крај зошто знаете што да очекувате од ситуацијата.

Но, чекорењето кон непознатото значи дека вие не знаете што ќе се случи следно и токму во тоа се состои убавината на животот, во изненадувањата и сето она што прави да се чувствуваме живи. Сите ние имаме контрола врз нашата среќа и изборите коишто ги правиме, и покрај тоа што не секогаш можеме да одбереме што ќе ни се случи во животот, во секоја ситуација, сепак можеме да ја контролираме нашата реакција на сите ситуации. Вие заслужувате да бидете во среќна, безбедна и спокојна љубовна врска, па затоа не плашете се да зачекорите напред, да преземете ризици, да направите промени во животот и да се држите настрана од токсичната врска, еднаш и засекогаш.

Може да ве интересираат и овие 5 причини зошто треба да се смирите со вашиот бивш


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар