6 причини зошто треба да почнете да ја ставате вашата среќа на прво место

6 причини зошто треба да почнете да ја ставате вашата среќа на прво место

Многу често во нашиот живот ние ја ставаме среќата на другите на прво место. Се обидуваме да измамиме насмевка на туѓи лица, без да ги избришеме солзите од нашите лица. Кога станува збор за одлуки, нивното мислење ни значи повеќе и токму затоа го поминуваме секојдневието размислувајќи како тие се чувствуваат, живеејќи го нашиот живот според нивниот.

6 причини зошто треба да почнете да ја ставате вашата среќа на прво место

Додека вие ги правите среќни другите, многу често заборавате дека токму вие сте оние кои сакаат да бидат среќни. Па, ако ги правите вашите животни одлуки според она што ќе ги направи луѓето околу вас среќни, без разлика на тоа како вие навистина се чувствувате, тогаш вие го живеете животот погрешно. Не сте убедени? Погледнете ги следниве 6 силни причини зошто треба да почнете да ја ставате вашата среќа на прво место, пред онаа на другите.

1. Не можете да ги направите сите среќни

Факт е дека едноставно е невозможно да ги направите сите луѓе во вашиот живот среќни , па токму затоа е и бесцелно постојано да се обидувате, трошејќи ја вашата енергија и живот за нешто што никогаш нема да може да биде остварено.

2. Вашата среќа ќе ги усреќи другите

Еден од најдобрите начини да ги направите среќни луѓето кои ги сакате е доколку и вие самите сте среќни. Се сеќавате колку добро се чувствувате кога вашето семејство е среќно и радосно? Токму така ќе се чувствуваат и тие доколку и вие се погрижите да бидете среќни.

3. Вашата тага ќе ги растажи другите

Никој не сака да гледа блиска личност која е постојано тажна. Доколку вие никогаш не се фокусирате на вашите потреби и не успевате да се насмеете, тогаш тоа сигурно многу силно и негативно влијание врз оние кои ве сметаат за најблиски.

4. Имате само една шанса за живеење на овој живот

Замислете го следново сценарио. Вие имате 90 години и лежите на смртна постела… Дали навистина сакате животот кој ќе ви „прелета“ пред очите да биде нечиј друг наместо вашиот?

5. Обидете се да ги смените страните

Размислете, дали би сакале некој друг да го живее вашиот живот за вас? Не. Секако дека не би сакале. Вашиот живот е само ваш и вие најдобро знаете точно што ви е потребно, а што не.

6. Сосема е во ред одвреме-навреме да бидете себични

Секако вие нема да почнете да ги повредувате луѓето околу вас и постојано да мислите само на себе, но понекогаш да бидете себични не само што е добро за вас, туку е добро и за сите оние околу вас. Токму тоа е она што ги прави луѓето да продолжат понатаму по својот пат…

За крај, не заборавајте дека најважното нешто во животот е да бидете среќни – не се лишувајте од ова позитивно чувство кое ќе ве исполни бидејќи големи се шансите дека понатаму во животот силно ќе се каете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар