6 причини зошто треба да бидете во врска со момче кое има добра смисла за хумор
Многу жени се посветени на жешките момци. Совршеното тело и неверојатниот изглед може да придобијат секого, па затоа честопати овие мажи се себични. Тие може да добијат сѐ што ќе посакаат, па зошто би размислувале за другите? Нивната привлечност во многу случаи прави да размислуваат само за себе. Па, би сакале ли да поминете подолго време во нивно друштво? Доколку вашиот одговор е не, тогаш наместо да се фокусирате на мажите со добар изглед, дајте си поинаква шанса и изберете забавно момче кое ќе ви донесе многу интересни и прекрасни моменти. Еве кои придобивки ќе ги имате доколку покрај вас имате смешна и шеговита личност.
1. Тој е подобар во кревет
Една нова студија открива дека забавните и смешни мажи се подобри во кревет. Тоа е затоа што жените имаат повеќе оргазми кога сметаат дека нивниот партнер е забавен.
2. Тој прави да се чувствувате подобро во својата кожа
Забавните момци не се толку вообразени и токму тоа е причината зошто се чувствувате добро во својата кожа кога сте со нив, без разлика дали е тоа наутро, попладне или навечер. Ним повеќе им е важно вашиот карактер, а не какво е вашето тело.
3. Тој секогаш ќе го подобрува вашето расположение
Секоја љубовна врска, покрај убавите денови, има и тешки моменти кои треба да се издржат. Кога сте во врска со забавен маж, тој ќе знае како да ви го подобри расположението во секое време.
4. Тој е социјален
Повеќето момци со добра смисла за хумор се социјални, што не е случај со најпривлечните мажи или жени. Дружете се со човек кој ќе успее да ве насмее и ќе ве вклучи во неговиот круг на пријатели и семејството.
5. Тој е креативен и духовит
За една личност да биде забавна, треба да биде креативна и духовита. Покрај тоа, тие имаат и други одлични квалитети кои може да направат да се чувствувате прекрасно.
6. Тој поседува особина која многумина би сакале да ја имаат
Многу луѓе посакуваат да бидат забавни и интересни, со одлична смисла за хумор, но не им успева на сите. На некои личности ова им е во нивната природа, па тоа и ги издвојува од останатите.