6 причини зошто скршеното срце може да биде добро за љубовта
Скршеното срце навистина боли, но понекогаш тоа може да биде основа за прекрасен почеток. Секој што преживеал кршење на срцето, знае колку е тешко повторно да се вратите во живот. Да се разделиме од личноста која сме ја сакале или која сѐ уште ја сакаме е навистина тешко, а болката трае сѐ додека не заздравиме од шокот. Меѓутоа, скршеното срце има и некои свои предности. Па, зошто скршеното срце може да биде добро за новата љубовна врска?
1. Знаете какво е тоа чувство
Можеби звучи грозно, но барем еднаш во животот морате да поминете низ таа голема љубовна драма. Добрата вест е што после неа станувате посилни, бидејќи знаете како боли, па кон некои работи ќе се однесувате поразлично од претходно. Ситниците кои некогаш ужасно ве нервирале, сега нема да ви се толку важни, а некои други, оние слатките, ќе ви станат уште поважни од претходно.
2. Подобро се запознавате самите себе
За време на драматичната и тажна љубовна фаза можете да научите многу за себе, бидејќи сте преплавени со чувства и препуштени сами на себе. А секогаш е добро длабоко да се анализирате, да размислите за сопствените постапки, чувства, желби, односно да дознаете нешто ново за себе.
3. Учите од сопствените грешки
Без разлика дали вашиот партнер ве изневерил, вие сте избегале од врската или добронамерно сте се разделиле, ако малку размислите знаете дека и двајцата сте виновни за крајот на врската. Ако сте свесни за сопствените грешки, можеби наредниот пат ќе се обидете да подобрите некои работи.
4. Ќе размислите двапати
Оној што бил многу повреден после раскинувањето, нема толку лесно да дозволи повторно да му се случи истата драма. Секако дека ќе бидете повнимателни кога ќе го избирате наредниот партнер.
5. Знаете што (не) сакате
После мачното раскинување и тешкиот период веќе ви е јасно што повеќе не сакате да ви се случува во иднина. А, тоа е голем чекор во вистинската насока: сознанието што навистина сакате!
6. Цел свет е пред вас
Слободни сте и сето она што е лошо е зад вас. Од оваа точка, може да биде само подобро. Тоа е моќна основа за почнување нова, здрава љубовна врска.
Откако ќе ја поминете најболната фаза и ќе го запознаете вашиот иден партнер, погледнете како е да се љуби повторно по болката предизвикана од скршено срце.