6 причини зошто сè уште сте му девојка, а не сопруга

6 причини зошто сè уште сте му девојка, а не сопруга

Постои време за запознавање и време кога чувствувате дека сте спремни за следниот чекор. Вие знаете дека сакате човек кој ќе биде добар татко, кој ќе ви помогне во одгледувањето на децата, кој е верен партнер и кој ќе го подели животот со вас.

6 причини зошто сè уште сте му девојка, а не жена

Ова е можеби старомоден концепт, но е вистина. Тоа е дел од растењето – повеќето жени и понатаму сакаат партнер и семејство. За жал, со секоја нова генерација, тоа е главната причина за женските фрустрации.

1. Првата причина зошто сѐ уште сте му девојка, а не сопруга, е веројатно поради вашиот избор на партнери

Ако не ја сработите добро домашната задача и не се разберете самите себеси, своите родители и минатите врски, нема да можете да донесете мудри одлуки, туку постојано ќе ги правите истите грешки одново и одново…

2. Вашиот однос со вашиот татко

Девојките кои пораснале без ангажирани татковци имаат потешкотии при донесување паметни одлуки кои се однесуваат на изборот на мажи. Односот помеѓу таткото и ќерката може да ве научи на многу работи, а една од нив е и обликувањето на моделот на добри особини кај мажите. Дури и ако на таткото му недостасуваат некои од убавите особини, неговиот однос со ќерката може да ѝ даде увид во разбирањето на луѓето. Ако таткото и ќерката имаат близок однос, тоа доведува до силна доверба и самопочитување во развојот.

3. Страст или љубов?

6 причини зошто сè уште сте му девојка, а не жена

Ако вашиот однос е изграден врз основа на секс наместо на емоции, поверојатно е да останете на статусот девојка. Една од причините зошто запознавањата на интернет се добри, се многуте разговори пред интимноста. Ако мислите дека некој вистински ви се допаѓа, стрпете се пред да преминете на сексуални односи и направете го тоа кога навистина ќе сакате и ќе бидете подготвени.

4. Кога сте сопруга и пред да станете сопруга

Вие се вселувате заедно со партнерот со надеж дека вашата врска ќе се претвори во нешто повеќе. Да живеете со некој може да биде поевтино, но тоа не е најдобрата ситуација. Жените се предодредени да бидат емотивни суштества и ако работата им е важна, тие напредуваат и на емотивна основа. Жените кои живеат со својот партнер пред да стапат во брак, создаваат сценарио за „заедница“ за која веруваат дека ќе трае и после венчавањето. За жал, тоа не функционира така. Останете на своето место, тоа ќе бидат најдобро потрошените пари за вас и вашата врска.

5. Заборавање на себе

Кога својот живот го посветувате на некој друг и престанувате да инвестирате во своите интереси и приоритети, себеси се ставате на второ место. Луѓето кои израснале во семејства со лоши граници немаат структура, личен простор или почитување еден кон друг. Жените кои ја имаат таа потреба го врзуваат партнерот за себе. Држете се до своите цели и интереси и не ги чепкајте своите соништа. Не го менувајте својот живот за некому да угодите и охрабрете ги со вашиот оптимизам.

6. Дали имате навика да лажете?

6 причини зошто сè уште сте му девојка, а не жена

Пасивните жени им се привлечни само на несигурните луѓе. Жените често велат дека се мирни и пасивни, па дури и лажат за да не го вознемират својот партнер. Ако имате потреба да лажете, тогаш вие не сте во добра и стабилна врска. Бидете сам свој адвокат и бранете ги своите ставови и потреби. Силните и паметни жени не ги заплашуваат мажите кои се сигурни во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар