6 причини зошто објавувањето фотографии од вашите деца на социјалните мрежи е ризично
Истражувањата покажале дека просечните мајка или татко објавуваат речиси 300 фотографии од нивните деца годишно. Бројот на споделени фотографии од деца се зголемува секоја година, па додека тие да тргнат на училиште голема е веројатноста од нив да има илјадници фотографии онлајн. Документирањето и објавувањето на среќните моменти од животите на децата е тренд што го следат многумина, но овој тренд не е толку безопасен колку што изгледа. Погледнете зошто објавувањето фотографии од вашите деца на социјалните мрежи може да биде навистина опасно.
1. Ја откривате локацијата на вашето дете, а таа може да биде злоупотребена
Дури и ако не објавите каде е направена фотографијата, постојат многу нешта кои можат да ја откријат локацијата. Тоа можат да бидат имињата и броевите на куќите или продавниците во позадина, играчките на вашето дете, други имиња и слично. Па само со гледањето на фотографијата некој може да ги идентификува локациите на кои вашето дете се наоѓа најчесто.
2. Споделувањето лични информации го зголемува ризикот од онлајн измами
Банкарските експерти се убедени дека објавувањето на фотографии со деца и нивните лични податоци ја загрозува нивната идна финансиска безбедност. Со фотографиите можете несвесно да го откриете името на детето, датумот на раѓање, домашната адреса, местото на раѓање и слично. Сите овие податоци можат да се злоупотребат за лажни трансакции или онлајн купување. Секогаш обрнувајте внимание на податоците што ги споделувате.
3. Објавите со вашите деца можат да привлечат опасни луѓе
Едно од најлошите нешта за фотографите што ги објавувате на социјалните мрежи е тоа што можат да бидат украдени. Денес постојат илјадници веб-сајтови со вознемирувачка содржина кои нелегално користат фотографии од деца украдени од социјалните мрежи. Покрај тоа постојат и корисници кои објавуваат фотографии од туѓи деца тврдејќи дека се нивни.
4. Објавените информации можат да имаат влијание на понатамошниот живот на вашите деца
Некои родители воопшто не размислуваат, но фотографиите и пораките што ги објавуваат денес можат да ја загрозат иднината на нивните деца. Штом ќе порасне, можеби вашето дете ќе стане јавна личност, ќе сака да работи за голема компанија или слично и сигурно нема да сака да ја ризикува кариерата поради контроверзни фотографии од детството. Не заборавајте дека дури и избришаните фотографии можат да бидат откриени.
5. Објавите на социјалните мрежи можат да бидат причина за малтретирање
Штом ќе споделите дел од вашиот живот на социјалните мрежи, веќе немате контрола над него. Исто така не можете да контролираат како другите ќе реагираат во врска со тоа. За миг, дури и најневината шега може да се претвори во причина за навреди и малтретирање кои лесно можат да се префрлат од Интернет во реалниот живот.
6. Најверојатно децата нема да бидат среќни што нивниот живот го гледаат сите
За крај најважни се етичките проблеми. Запрашајте се како би се чувствувале ако вашите родители им ги покажувале фотографиите од детството на случајни странци. Всушност во Австралија постои судски спор каде што една млада девојка ги тужи нејзините родители и сака да ги натера да ги отстранат нејзините фотографии од детството што ги објавиле на Фејсбук. Жената се обидувала да ги натера, но тие одбивале. Според неа, не им било грижа дали седела на тоалетната школка или била гола, тие објавувале сè. Па, немојте да ја нарушувате приватноста на вашите деца кога сакате да споделите нешто со светот.
Доколку не верувате дека Интернетот може да биде навистина опасно место, погледнете ги овие вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи.