6 причини зошто НЕ би требало да бидете „само пријатели“
Најголемото клише на сите времиња е изјавата „Сакам да останеме пријатели“ по раскинувањето. Често се верува дека најдобриот начин да се заврши една романтична врска е доколку магично се претвори во среќно пријателство, но работите не секогаш се одвиваат според планот. Често, одговорот на оваа изјава треба да биде негативен иако тоа не значи дека со тек на време, работите нема да можат да се променат. Но, за тоа се потребни одредени услови.
Погледнете ги наредниве 6 значи кои укажуваат дека „Ајде да бидеме пријатели“ не е добра опција за вас:
1. Еден од вас навистина верува во ова пријателство, додека другиот не е воопшто заинтересиран за другарување. Кога се случува ова, како што се убедувате себеси дека тој/таа навистина сака да останете пријатели, вашиот бивш партнер се обидува на сите начини да ја врати вашата врска во живот. Оваа состојба понекогаш знае да биде полоша и од самото раскинување и може да се одложува со месеци. Едноставно кажете „не“.
2. Вие никогаш не сте ги поставиле основите кои се потребни за едно пријателство. Романтичните врски кои се распаѓаат поради фактот дека сте немале ништо заедничко освен физичката привлечност или затоа што едноставно не сте можеле да комуницирате без да го повишите тонот, нема да можат да доведат ни до добро пријателство. Не се залажувајте. Размислете, дали некогаш постоело вистинско пријателство меѓу вас кое вреди да се спаси? Ако одговорот е негативен, тогаш ништо добро не може да излезе од оваа ситуација.
3. Постои недостаток на взаемно почитување. Можеби вашата врска никогаш не изобилувала со почит или пак, можеби таа едноставно целосно исчезнала по самото раскинување. Без разлика, како би можеле да ја изградите оваа почит за време на платонско пријателство? И зошто би сакале да го сторите тоа?
4. Постоела емоционална или физичка злоупотреба во врската. Основниот критериум за создавање на пријателство во кое целосно се отфрлени романсата и сексот е способноста да му/ѝ верувате дека тој/таа нема да ве повреди. Кога веќе сте имале романтична врска во која имало насилство, не можете да верувате дека оваа личност ќе почне да се однесува кон вас на друг начин само затоа што сега сте „пријатели и ништо повеќе“. Всушност, ова може да биде навистина опасна ситуација, бидејќи оној кој злоупотребувал ќе продолжи тоа да го прави и во пријателството. Доколку не можете да се справите со оваа ситуација, можеби би требало да побарате професионална помош и поддршка.
5. Еден или двајцата сте екстремно љубоморни и посесивни доколку другиот почне со нова љубовна врска. Ова е причината зошто здравите пријателства по раскинувањето често се тешки за одржување. Дали навистина верувате дека ќе бидете во ред доколку личноста која некогаш сте мислеле дека е „вистинската“ ви раскажува за својата нова љубов? Зошто би сакале да поминувате низ тоа? Од друга страна пак, колку вие би биле способни да му/ѝ раскажувате за вашата нова врска која станува сериозна? Можеби, со тек на време ова би можело да се случи, но сигурно не веднаш по раскинувањето. А токму тоа нè води кон следната точка.
6. Сè уште не сте ѝ дозволиле на вашата врска да згасне природно. Дури и да имате чувство дека би можеле да бидете долгогодишни пријатели, сепак би требало да си дадете малку време и простор на самите себе. Во спротивно, вашето пријателство ќе биде под големо влијание на последиците од вашата пропадната романса. Сите емоции кои ќе се движат низ вашето тело за време на првите неколку недели по раскинувањето ќе ви направат потешкотии при градењето на новото пријателство. Прво мора да се вратите на онаа личност која сте биле кога сте биле сингл, а потоа треба да одлучите дали платноската поврзаноста е добра за вас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.