6 причини зошто е добро да не сте во врска

6 причини зошто е добро да не сте во врска

Сингл животот и не така тежок и безнадежен. Додека сите ваши пријател(к)и упорно ве изненадуваат со објави за нивните свршувачки, останете смирени и прочитајте ги шесте причини кои ќе ви укажат зошто понекогаш е подобро да сте сингл.

6-prichini-zoshto-e-dobro-da-ne-ste-vo-vrska-kafepauza.mk

1. Поголемо вложување во изгледот

Една британска студија покажува дека 62% од анкетираните двојки ја зголемиле телесната тежина по влегувањето во сериозна врска. Луѓето се опуштаат, се чувствуваат удобно и килограмите ненадејно се накачуваат. Замислете си само како ли ќе се одразат сите тие романтични вечери на вашата фигура? Додека пак вие, внимавате на изгледот на своето тело, вежбате и уживате во сите погледи вперени кон вас.

2. Подобар социјален живот

Сите сте имале по некоја другарка што ве откачила заради дечко, така? Па, не грижете се. Всушност, вие сте во доста подобра ситуација. Едно истражување покажува дека паровите кои се во сериозна врска многу потешко се спријателуваат со другите. Исто така, кога биле сами поминувале многу повеќе време со пријателите и семејството. Па, додека сѐ уште не сте во врска, уживајте во излегувањата и поминувајте си најубаво што можете!

3. Подобар сексуален живот

Долгата врска не гарантира и добра интимност. Луѓето кои се сами многу повеќе работат на градење на добар сексуален живот од двојките во брак. Според едно американско истражување 68% од жените кои не се во брак отворено зборуваат за интимноста, наспроти 59% од мажените жени. Исто така, се напоменува и дека 20 % од мажените жени нема да направат ништо доколку не се задоволни со овој аспект од бракот.

4. Помалку прекувремена работа

Според едно американско истражување, вработените кои се во брак, би поднеле подолги состаноци и работни часови само за да обезбедат подобри материјални услови за семејството. Соодносот за прекувремена работа меѓу вработените во брак и оние кои се сами е 33 наспрема 26%.

5. Подобар сон

Само вие и вашите слатки сништа. Без да треба да поднесувате нечие рчење, крадење чаршави, месечарење итн.

6. Подобра финансиска состојба

Да се разбереме, секоја врска е еден вид инвестиција. Сите тие вечери, годишнини, патувања, па дури и свадбите, чинат пари. Па, додека сте сингл, гледајте да заштедите некој денар. Или пак, купете си ги штиклите што одамна ги меркате без грижа на совест!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар