6 причини зошто би требало да пронајдете време за оваа вежба

6 причини зошто би требало да пронајдете време за оваа вежба

Чучнувањата се едни од најважните и најкорисните вежби за целото тело, особено за оние кои се премногу зафатени и не можат да издвојат многу време за вежбање. Значи, ако се одлучите да правите правилни чучнувања, со само 20 на ден, брзо ќе можете да ги забележите нивните предности. Затоа ние ви даваме 6 причини кои ќе ве натераат веднаш да започнете да ги правите.

1-6-prichini-zoshto-bi-trebalo-da-pronajdete-vreme-za-chuchnuvanja-www.kafepauza.mk_

1. Чучнувањата ги изградуваат сите мускули во телото

Секако дека чучнувањата го затегнуваат задникот, но пред сè тие влијаат на мускулите на нозете. Друга важна карактеристика е што го поттикнуваат растот на мускулите во целото тело. Оваа вежба е толку интензивна што се создава анаболичко опкружување, телото ослободува хормони – кои се од витално значење за раст на мускулното ткиво. Чучнувањата ја подобруваат силата и на горниот и на долниот дел од телото.

2 Чучнувањата ги согоруваат мастите и може да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми

Освен дефинирањето на мускулите, чучнувањата исто така ги согоруваат и калориите. Тоа е така поради тоа што чучнувањата се едни од најважните и најефикасните начини за да се согорат повеќе калории и да се добијат повеќе мускули. За секој грам додатни мускули кои ќе ги добиете, вашето тело ќе согори уште 50 до 70 калории дневно.

3. Чучнувањата се добри и за варењето

Мускулното напрегнување кај чучнувањата го подобрува протокот на течности во телото, помага во исфрлувањето на отпадните супстанци и ја доставува храната во сите делови на телото. Чучнувањата исто така помагаат во регулирањето на столицата.

2-6-prichini-zoshto-bi-trebalo-da-pronajdete-vreme-za-chuchnuvanja-www.kafepauza.mk_

4. Можете да направите чучнувања кога било, каде било, бидејќи не ви е потребна никаква опрема

Чучнувањата не бараат од вас да одите во теретана или пак, да плаќате за какви било скапи опреми, па затоа ова е совршена вежба за луѓето кои се во постојана трка со времето.

5. Чучнувањата можат да го подобрат држењето на телото

Мускулите кои се зајакнуваат во текот на правењето чучнувања ќе ви помогнат да седите, да стоите или да одите со поголема самодоверба. Тие исто така ги зајакнуваат и мускулите на грбот и помагаат да се избегне болката која е предизвикана од предолгото седење.

6. Чучнувањата може да ви помогнат при одржување рамнотежа на хормоните

Двата главни хормони кои се исфрлаат од телото – тестостеронот и хормонот за раст, максимално се излачуваат во текот на вежбањето, а после нив се појавува и DHEA (Dehidroepiandrosteron) – неверојатен мултиталентиран хормон кој е одговорен за телото да ги исфрли вишокот маснотии од себе, ги изградува мускулите, го подобрува расположението, го зголемува сексуалниот нагон и го подобрува имунитетот.

3-6-prichini-zoshto-bi-trebalo-da-pronajdete-vreme-za-chuchnuvanja-www.kafepauza.mk_

Како правилно да ги направите чучнувањата:


Како почетници, можете да правите по 20 чучнувања. Доколку не можете да ги правите секојдневно, тогаш барем правете ги преку еден ден. Најважно е да не се откажете и да запомните дека упорноста е најважна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар