6 причини за високите жени да носат високи потпетици

6 причини за високите жени да носат високи потпетици

Кога сте висока жена, навикнати сте да гледате одозгора, постојано учите да се соочувате со тоа дека светот не е создаден по ваша мерка. Стандардните парчиња облека или ви се широки со кратки ракави или пак, ако сте крупна висока жена, ви се претесни иако се во најголемиот број. Со обувките ви е уште потешко, па затоа најчесто носите патики. Најтешко ви е со момците, бидејќи сите тие се пониски и поситни од вас. Затоа треба да ги искористите сите прилики и да се покажете во вашето вистинско светло. Бидејќи секоја жена барем еднаш во животот треба да ја почувствува магијата на носење високи потпетици.

1-6-prichini-za-visokite-zheni-da-nosat-visoki-potpetici-www.kafepauza.mk_

1. Голема среќа и радост е што има високи потпетици во вашиот број

Ова го разбираат жените кои носат број поголем од 40. Всушност, калапите на високите потпетици се секогаш претесни, па затоа ви се потребни еден број поголеми. Ако носите поголем број, тогаш обувките се вашите најскапи и најпроблематични работи од вашиот стајлинг. Затоа ќе бидете пресреќни кога ќе пронајдете прекрасни, женствени сандали кои заедно со вашата висина создаваат вртоглавица.

2. Ќе го свртите вниманието на оние кои ве земаат здраво за готово

Сите веќе се навикнати да ја подигнуваат главата кога разговараат со вас, но кога ќе забележат дека додатно им бегате од кадарот, ќе сфатат дека заборавиле колку вие навистина сте високи.

3. Интересно е да го гледате светот од уште повисокo

Навистина е забавно да ги гледате оние луѓе кои се повисоки од вас макар и за неколку сантиметри. Но, уште позабавно е да ги гледате луѓето кои се пониски од вас од уште поголема висина од онаа што веќе ја имате.

2-6-prichini-za-visokite-zheni-da-nosat-visoki-potpetici-www.kafepauza.mk_

4. Може да се обложувате на коментарите

Никој нема да остане без коментар. Земете тетратка и почнете да запишувате: „Нешто си пораснала“, „Зошто си обула високи потпетици?“, „Ууу, па навистина изгледаш добро“, „Премногу си висока“, и ставете уште три точки, бидејќи на коментарите нема да има крај. Обложете се на првиот!

5. Ќе се чувствувате како апсолутна кралица

Ако коментарите ви се интересни и не се грижите за нив, тогаш дефинитивно ќе се чувствувате како кралица. Може да им кажете дека намерно сте облекле високи потпетици за да изгледаат пониско од вас и барем еднаш тие да се почувствуваат неадекватно. Може само да им се смешкате одозгора и да ги запишувате комплиментите. Па што, вие сте кралица.

6. Пониските жени уште повеќе ќе ве замразат

Секојдневно сте опкружени со пониски жени. Издигнувајќи се на уште десетина сантиметри повисоко од нив, визуелно ќе доминирате и факт е дека сите ќе ве забележуваат и ќе коментираат. Кога ќе го заземете просторот што ви припаѓа, пониските жени престануваат да бидат слатки, бидејќи во споредба со вас се само ниски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар