6 предности кои високите девојки можат да ги искористат во модата
Ако сте високи тогаш сигурно посакувате да постоеше оддел „само за високи“во вашиот омилен бутик. Сигурно барем еднаш ви паднала таква идеја на памет. Вистина, некои брендови веќе имаат специјални категории за високите девојки, како Есос и Топшоп, но за жал нив ги нема кај нас. Иако шопингот за вас може да биде вистинско мачење, некогаш има и свои добри страни.
1. Научивте да си ги сакате глуждовите
Обожавате да носите капри пантолони, но мора да признаете дека сите пантолони кои ги поседувате, вам ви се до глуждовите, иако на другите девојки им се долги. Сепак, вие знаете како да ги носите. Балетанки и рамни чевли? Полн погодок девојки.
2. Одлично се справувате со проблеми со пропорциите
Не се само пантолоните кратки, ракавите едвај да стигнуваат до рачните зглобови, а некои кошули дури не можете ни да ги пикнете во пантолоните. Но, сепак тука се миди здолништата кои паѓаат на коленото, наместо на средината на листот од ногата. Тоа е предност кога имате неколку сантиметри плус. Затоа точно знаете како правилно да ги распоредите парчињата на вашето тело.
3. Ги обожавате распродажбите на обувки
Во текот на распродажбите, просечните 37-38 броеви на обувки се распродадени додека броевите од 39 па нагоре се сѐ уште тука. Особено тие што се во лимитирана серија, во број 40? Продадено на високата девојка.
4. Позајмувате палта од вашето момче/брат
Тие широки, преголеми блејзери и палта што сите ги носат? Е токму тие не ви стигаат ни до колковите. Затоа купувате во машкиот оддел или го замолувате вашето момче, брат па дури и пријател да ви позајми некое од неговите палта. И некако одлучувате дека не можете да му го вратите.
5. Макси фустаните ви се најдобрите пријатели
Еурека! Нема потреба да го кратите фустанот, само додадете сандали и добивте шик и модерен изглед.
6. Можете да носите рамни обувки во 99% од времето
Освен што изгледаат прекрасно, високите потпетици додаваат неколку сантиметри висина. Но, од нив многу болат нозете. Па, кога сте високи вие скоро и да немате потреба да носите високи потпетици. Гладијаторките, балентаките и сите останати видови рамни чевли можете да ги носите дури и за ноќни излегувања. Верувајте, огромен број девојки ви завидуваат токму на тоа.