6 прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука во секоја можна ситуација

6 прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука во секоја можна ситуација

Нормално е да чувствувате стрес кога треба да донесете голема животна одлука, без разлика дали станува збор за нова работа, нова врска или каков било друг голем чекор кој ќе ви го промени животот. Вистината е дека не постои начин да знаете со сигурност дали сте го направиле вистинскиот избор во моментот, но постојат неколку едноставни прашања кои можете да си ги поставите за да дознаете дали сте на правиот пат…

6 прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука во секоја можна ситуација

1. „Дали го правам ова затоа што сакам или затоа што некој ми врши притисок?“

Сите луѓе околу нас, вклучувајќи ги и обичните познајници, играат улога во нашето мислење за тоа што би требало да правиме во животот. Некогаш ќе ви се понудат многу можности и вие ќе бидете под притисок да ги прифатите само затоа што луѓето околу вас мислат дека тоа е најдобро. Ако се запишете на факултет затоа што така треба, а немате желба да учите, нема да постигнете нешто, туку само ќе изгубите време. Кога треба да донесете некоја голема одлука, нормално дека треба да ги послушате советите на вашите најблиски, но на крајот вие сте одговорни за вашиот живот. Самите размислете за вашите цели и желби пред да избрзате со носење одлуки.

2. „Кои се можните ризици, а кои можните придобивки?“

Секоја промена во животот носи одредена загуба. Можеби имате работа со добра заработка, но работите премногу и немате време за ништо друго. Ако решите да дадете отказ, нема да располагате со истиот месечен приход, но ќе имате повеќе време за вашите пријатели и за да го правите она што ве исполнува. Сѐ што вреди да се направи во животот, ќе ви претставува предизвик. Тоа значи дека одредени работи ќе мора да се распаднат, за да можете да изградите нови. Прашањето што треба да си го поставите е: „Што ќе изгубам ако сакам да го добијам тоа?“ и најважно од сѐ треба да се запрашате дали вреди. Кога ќе ви се појави нешто ново во животот, природно е да се возбудите и да ја гледате само позитивната страна на нештата, но треба да помислите и на вашата моментална ситуација и на тоа како таа би требало да се промени за да се прилагодите на новите настани. Промената е супер, но сосема во ред е и ако ви се допаѓа животот што го живеете моментално.

3. „Ако го направам ова сега и се случи најлошото, дали ќе можам да живеам со тоа?“

Во реалниот живот, повеќето можности што ни се нудат воопшто не се сигурни. Немаат никаква гаранција и мора да бидеме подготвени за сите можни последици. Секако дека треба да се фокусирате на потенцијалниот позитивен резултат, но за да донесете добро информирана одлука, мора да запаметите дека сѐ може да се случи. Размислете за најлошото можно сценарио. Колку многу би можела да се влоши вашата ситуација? Би можеле ли да се справите со тоа? Дали сте подготвени? Кој е вашиот резервен план? Кога сакате да почнете нешто ново, најдобро е да имате јасна идеја за сите можни препреки и план за тоа како да ги совладате истите.

6 прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука во секоја можна ситуација

4. „Дали ќе повредам некого ако го направам ова?“

Вие си знаете како треба да го живеете животот и во ред е да знаете што сакате. Но, ако постојат и други луѓе кои се вмешани во одлуката што треба да ја донесете, мора да ги земете предвид и нивните чувства и мислења. Во ред е да се движите напред, но не треба да газите преку други луѓе во целиот тој процес. Ако сметате дека она што сакате да го направите ќе повреди нечии чувства, пред да преземете што било, разговарајте со таа личност. Бидете отворени и искрени. Можеби имате шанса да учите во странство, но тоа би значело дека ќе мора да поминете 1 година разделени од вашиот партнер. Тоа не значи дека не треба да одите, но дефинитивно треба да разговарате за вашите планови со луѓето кои се засегнати.

5. „Дали јас ќе имам корист од ова што ќе го направам или некој друг?“

Прекрасно е кога правите работи за некој друг, но дали знаете каде треба да ја повлечете линијата? Нема ништо лошо во тоа да правите големи животни промени и жртви за некој ваш близок, но тоа е многу тешко. На крајот, тоа може да доведе до каење и презир што не ви е потребно во животот. Само затоа што се грижите за туѓите цели, не значи дека треба да ги занемарите сопствените. Можеби вашиот партнер треба да се пресели затоа што нашол работа во друга земја и сака и вие да дојдете со него. Пред да се согласите, морате да се запрашате дали и вие го сакате истото или би го направиле тоа само за него? Вашите желби и соништа секогаш мора да бидат на прво место.

6. „Што сакам сега во моментов?“

Иднината е многу важна и сите треба да мислиме на неа кога донесуваме одлуки, но и сегашноста е исто толку значајна. Доколку вашето момче ве побарало за жена, тоа не значи дека треба веднаш да прифатите. Ако тој навистина ве сака, ќе ве разбере дека не сте спремни во моментот и ќе знае дека тоа нема засекогаш да остане така. Не ги избрзувајте работите. Ако сметате дека сте донеле погрешна одлука, веројатно сте во право. Ниту еден избор не е лесен, но запаметете дека само вие знаете што е најдобро за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    ok

Остави коментар