6 пораки од детството кои ја блокираат среќата: Родителски лекции за преиспитување

6 пораки од детството кои ја блокираат среќата: Родителски лекции за преиспитување

Родителите прават сè за доброто на своите деца и се обидуваат да ги упатат во правилна насока. Тие постојано делат совети со најдобри намери, а веројатно и вие имате голем број во вашата глава кои останале таму уште од детските години. Но, дали некогаш чувствувате дека токму тие совети претставуваат кочница на вашиот пат кон среќата и успехот? Доколку има такви, време е да ги преиспитате и да ги свртите во своја корист. Сите тежнеат да ја постигнат најдобрата верзија од себеси, но некогаш некои родителски совети можат да предизвикаат двоумење во вашите глави, затоа што станува збор за длабоко вкоренети пораки од детството. Нив сте ги добиле од родителите, наставниците, па дури и од своите врсници. Ви претставуваме шест најчести препреки, но и совети како да ги совладате и да продолжите напред кон постигнување на своите цели.

(1) 6 пораки од детството кои ја блокираат среќата: Родителски лекции за преиспитување

1. Туѓите потреби се ваша одговорност

Дали другите луѓе ви се секогаш на прво место или можеби ги дефинирате своите способности по тоа што можете да го сторите за нив? Иако е прекрасно да се биде добронамерен и да не се биде себичен, бидете внимателни доколку ги задоволувате потребите на другите, притоа нанесувајќи си штета себеси. Можеби, сега кога сте возрасни, се обидувате да ја спроведете таквата порака во пракса и давате сè од себе да ги направите родителите среќни со тоа што останувате во вашиот несреќен брак, или морате постојано да се грижите за вашите најблиски, без притоа да помислите на себе и на своето здравје. Важно е да научите да се грижите за себе – можете и морате да издвоите еден час дневно за опуштање и некои активности кои ви одговараат и ве прават среќни.

2. Емоциите треба да ги чувате во тајност

Оваа порака од детството најчесто е врежана во главата на момците, кои можеби ја прифатиле од зборовите и делата на своите татковци (но, и голем број жени се соочуваат со чувство на непријатност кога треба да ги искажат емоциите). Можеби и вас ве учеле дека само слабите луѓе ја покажуваат тагата или можеби ве исмевале кога сте имале момент на слабост. Но, во реалноста сите емоции се значајни и можат да отворат нови можност за личен развој, па дури и оние најтешките – како болката и бесот. Отпуштете го старото уверување и стапете во контакт со своите чувства, така што ќе водите дневник (па дури и со само неколку реченици дневно), опишувајќи ги најважните емоции коишто сте ги доживеале во текот на денот.

3. Не е во ред да се греши

Оваа порака ви остава чувство на вина, срам и помала вредност доколку не сте брилијантни во сè што правите. Меѓутоа, грешките и потешкотиите можат да се набљудуваат како вредни можности за учење и усовршување. Секогаш кога ќе забележите дека сте направиле некоја грешка, запишете го тоа во една тетратка. Но, не застанувајте тука. Веднаш под грешката, напишете и три позитивни нешта кои можат да се изродат од неа. На пример, доколку не сте ја добиле работата за којашто сте аплицирале, напишете две лекции кои сте ги научиле од разговорот со работодавецот и уште една можност, којашто не би ја увиделе доколку сте биле избрани за таа позиција.

(2) 6 пораки од детството кои ја блокираат среќата: Родителски лекции за преиспитување

4. Никогаш да не зависите од други

Оваа порака носи голема вредност, но истовремено може да ве спречи и да чувствувате вистинска блискост со друга личност. На пример, можеби ќе ви биде тешко да се отворите во романтична врска, ќе се обидувате сами да се носите со својата тага, чувствувајќи страв да ги споделите чувствата со најблиските и може да направи да имате чувство на одвоеност од остатокот од светот. Не постои брз начин за ослободување од оваа вкоренета мисла. Но, доколку вложите доволно труд да им покажете на вашите пријатели и на партнерот дека и вие сте ранливи, може да бидете наградени со љубезност и желба за слушање, што може полека да ве поттикнува сè повеќе да се отворате и да сфатите дека чувствата треба да се споделуваат.

5. Погрешно е да се истакнувате

Доколку сте имале традиционални родители, кои ве учеле дека децата треба да се гледаат, но не и да се слушаат, можеби сè уште ви е тешко да се изборите за своето право на глас. Овој проблем може да се манифестира во вашата неподготвеност да се браните кога некој се обидува да ве дискредитира или пак може да се јави и на еден посуптилен начин, секогаш да капитулирате пред желбите на другите. Меѓутоа, доколку никогаш не сте се истакнувале, тогаш пропуштате клучни можности за остварување на своите цели. Не значи дека треба да биде груби и агресивни, но бидете упорни. Работете на себе и вежбајте еден цврст став при наведувањето на своите афинитети и пристојно кажете кога не се сложувате со нечија перспектива.

6. Треба да се вклопите

Понекогаш овој совет го даваат оние родители кои сакаат да ги заштитат своите деца од малтретирање од страна на нивните врсници или пак оние кои се чувствуваат непријатно поради различноста и ексцентризмот на своите деца. Во секој случај, оваа порака може да ви создаде чувство дека вистинската личност која лежи во вас едноставно не е доволно добра. Иако, преправајќи дека сте еднакви и исти со сите, можеби ќе привлечете пријатели и ќе создадете успешен приватен и професионален живот, но едноставно вие нема да бидете вие. „Фасадата“ што сте си ја поставиле однадвор ќе ви биде товар. За да се ослободите од лажната надворешност, која низ годините можеби сте ја довеле до перфекционизам, треба многу време и труд. Затоа, секој пат кога некој ќе ви даде признание и комплимент за нешто што сметате дека припаѓа на коренот на она што вистински сте, запишете го тоа и искористете го како ваша понатамошна афирмација. Исто така, можете да се зачлените во некоја група којашто се фокусира на нешта кон кои и вие чувствувате страст, а не сте можеле да ја истакнете низ годините наназад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар