6 погрешни сфаќања за самостојните и независни луѓе

6 погрешни сфаќања за самостојните и независни луѓе

Овие луѓе уште како мали деца се издвојувале од останатите. Тие отсекогаш биле позрели, знаеле како да се грижат за себе и значително многу се истакнувале помеѓу нивните врсници. Да не знаете колку точно години имаат, сигурно би помислиле дека се неколку генерации постари. Токму затоа кога тие ќе се почувствуваат доволно зрело, многу брзо завршуваат со своето образование, наоѓаат работа и се иселуваат од дома. Нивното навидум лесно снаоѓање во животот може да доведе до многу погрешни сфаќања од оние околу нив, па тие често се соочуваат со следниве 6 погрешни тврдења за начинот на кој живеат…

6 погрешни сфаќања за самостојните и независни луѓе

1. „Вие сигурно добро знаете да ги организирате вашите пари.“

Да, тие одлично ги организираат нивните пари. Всушност толку се добри во тоа што можат да направат да исчезнат дури и без воопшто да се потрудат. Некои го нарекуваат тоа магија, но тие би ви кажале дека станува збор за несакана последица од самостојноста.

2. „Сигурно вам не ви недостасува семејството.“

Да бидеме на чисто, самостојните и независни луѓе не се истовремено ладнокрвни и без срце. Исто како што и вас би ви недостасувале најблиските доколку се отселите од дома, така и на нив им недостасуваат во овој момент. Тие го напуштиле својот дом само затоа што биле подготвени да се грижат сами за себе, а не затоа што се лоши луѓе кои не разговараат со своето семејство.

3. „Вие сте премногу тивки.“

Можеби нивната уста е тивка, но нивниот мозок е комплетна спротивност. Дел од тоа да се биде самостојна и независна личност е и способноста за набљудување. Единствениот начин на кој можете да разберете дали сте на вистинскиот животен пат е доколку застанете, погледнете околу вас и почнете вистински да слушате. Овие личности поминуваат многу време набљудувајќи ги оние околу нив и анализирајќи ги нивните мисли и акции. Независните души се слободни души кои најдобро учат од однесувањето на оние околу нив.

4. „Вие сте неверојатно многу тврдоглави.“

Реално, тие не се тврдоглави, туку едноставно знаат што сакаат. Многумина погрешно ја сфаќаат самостојноста и не можат да разберат дека да се биде независен значи и да се биде слободен од туѓите идеи и размислувања. Самостојните личности создаваат свој сопствен пат, наместо да го следат оној кој нивните родители го направиле. Тие создаваат живот сами за себе, од дното, и полека се борат да стигнат до врвот.

5. „Треба да престанете да работите толку многу.“

За голем дел од самостојните и независни личности работата е всушност забавна. Кога не прават нешто што е корисно или образовно, тие сметаат дека само залудно го трошат своето време. Тие веруваат дека животот е краток и токму затоа се подготвени да го поминат своето време на оваа планета учејќи што е можно повеќе нешта, па често вложуваат многу во себе, растејќи и развивајќи се секојдневно.

6. „Вие сигурно имате план за до крајот на вашиот живот.“

Верувале или не, тие навистина знаат да живеат од ден за ден. Нивниот животен план е да се придржуваат до нивните морални вредности и да учат од своите грешки. Тие не сакаат да прават детални планови за нивната едукација, кариера, ниту пак љубовен живот и веруваат дека ќе се случи она кое ќе се случи. Животот за нив е патување и тие уживаат во секој чекор.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар