6 нови начини на кои можете да ја носите маслинесто зелената боја оваа пролет
4. Понесете го вашиот војнички изглед во канцеларијата
Барате уникатен изглед со оваа нијанса на зелената боја? Тогаш, спојте го војничкиот изглед со вашиот работен изглед. Блуза од шифон, тесно здолниште, кардиган, капут од твид, па дури и ролка, може да изгледаат класично во маслинесто зелена нијанса, движејќи ја вашата работна модна комбинација нанапред. Исто како модната блогерка Марија Ортон, можеби и вие сте размислувале да изберете соодветен фустан во маслинесто зелена боја кој ќе изгледа формално и паметно, или пак едноставно да изберете некоја интересна блуза со принт и да ја надополните со маслинесто зелен кардиган за некој лежерен викенд. Всушност, креирањето на слоеви може да направи неочекуван стилски изглед.
5. Додадете малку војнички пресврт на вашиот феминистички, уличен стил
Маслинесто зелената боја можеби има војничка конотација, но тоа не значи дека сите силуети треба да бидат машки. Секако дека може да се држите до вашиот женствен стил кој вклучува долги здолништа, фустани со чипка, па дури и женствени пантолони. Ништо друго не ѝ дава подобра димензија на маслинесто зелената боја како додавањето женствена вибрација како што е комбинезонот со чипка.
6. Направете ја вашата урбано, војничка облека инспиративна со целосно маслинесто зелена боја
Без разлика дали ќе се одлучите за целосен војнички изглед со тоа што ќе облечете капут или пак, ќе се одлучите за дискретно војничко чувство кое ќе го исполните со некои детали, овој стил ќе биде одличен за да го зачините вашиот урбан изглед. Можеби ќе пронајдете инспирација во изгледот на блогерката Џесика Рикс, со тоа што ќе изберете кожни панталони и блуза со војнички кардиган и шпицести чевли. Исто така, можете да направите воена, модерна атмосфера со тоа што ќе носите набрани слоеви облека кои ќе ги зачините со чизми над колена.