6 нешта што можете да почнете да ги правите наутро ако немате утринска рутина
За секој човек функционираат различни активности наутро, па нема еден рецепт за „совршен“ почеток на денот. Но развивањето постојана рутина која ги задоволува вашите потреби е важно бидејќи не само што ќе ја зголемите продуктивноста, туку ќе се чувствувате и посреќно. Ако ви се потребни неколку идеи, погледнете ги предлозите во продолжение.
1. Ограничете ја употребата на телефонот
Дали сакате да листате низ социјалните мрежи веднаш штом ќе се разбудите? Не сте единствените. Иако можеби најдобро е целосно да се откажете од технологијата наутро, ова не е многу реалистично. Па, одличен чекор напред е да ја ограничите употребата на телефонот наутро. Проверете го телефонот во случај да имате некоја итна порака од некого и оставете го.
2. Размрдајте се
Некои луѓе можат да издржат напорен тренинг уште пред изгрејсонцето. Ако вие спаѓате овде, секоја чест. Но повеќето сакаат понежен почеток на денот, а вежбите со ролер од пена се одлични за ова. Оваа техника за масирање ја поттикнува циркулацијата на крвта. Покрај тоа можете да вежбате дури и во вашите пижами.
3. Испланирајте награда за себе
Истражувањата покажале дека ако планирате некаква награда за себе наместо веднаш да уживате во неа, исчекувањето ја зголемува вашата среќа. Во истражување од 2010-та година се покажало дела луѓето кои оделе на одмор позадоволни биле во текот на исчекувањето отколку на самото патување. Очекувањето на нешто забавно на ефективен начин ќе го подобри вашето расположение.
4. Навадете растение
Градинарството може да ви служи како потсетник дека вие не сте во центарот на универзумот. Грижата кон себе е приоритет во секоја утринска рутина. Но грижата за друго живо битие, растение или домашно милениче, ќе ви помогне да се приземјите и да го тргнете фокусот од вашите грижи. Покрај тоа некои растенија докажано го подобруваат расположението и го намалуваат стресот.
5. Утринската рутина за нега на кожата претворете ја во танцување
Исчистете го лицето по ритамот на музиката. Истражување од 2014-та година покажало дека музиката со посилен бас може да направи да се чувствувате помоќно за разлика од другите видови. Па, слободно танцувајте и во вторник како да е петок.
6. Употребувајте стикери за да останете свесни
Наутро лесно е да почнете да размислувате што треба да направите следно и да заборавите да уживате во сегашниот момент. Но важно е да користите визуелни потсетници за да дишете наутро. Поставете стикер со точка во боја насекаде низ вашиот дом. Секогаш кога ќе ја забележите точката почнете да дишете свесно. Ако чувствувате стрес наутро, оваа техника ќе ве релаксира.
Погледнете и кои се утринските навики што ќе ви помогнат да ја загубите непосакуваната тежина.