6 нешта што можете да ги направите за да го намалите менталниот стрес

6 нешта што можете да ги направите за да го намалите менталниот стрес

Менталниот стрес е одговор на нашето тело на некоја животна ситуација или настан. Тој е различен кај сите луѓе и може да биде предизвикан од социјалните интеракции, опкружувањето или генетиката.

6 нешта што можете да ги направите за да го намалите менталниот стрес

Луѓето чувствуваат стрес поради многу нешта. Губењето на сакана личност, финансиските проблеми, губењето на работното и разводот се најчестите причини за стрес. Во овој момент вие сте раздразливи, разочарани и чувствувате закана. Сето ова предизвикува емоционални и физички промени, влијае на начинот на којшто се однесувате и може да има големо влијание на вашите врски. Сепак, постојат начини со кои можете да го намалите нивото на менталниот стрес.

1. Редовно вежбање

Физичката активност го поттикнува лачењето на ендорфини кои пак го подобруваат расположението и целокупното здравје. Луѓето кои се физички активни почесто чувствуваат ентузијазам. Кога стресот влијае на вашиот мозок, со текот на времето ќе го почувствувате и на целото тело. Со вежбањето ќе го намалите заморот, ќе ги подобрите вниманието и концентрацијата и ќе го стабилизирате вашето расположение. Кој било вид на физичка активност помага во намалувањето на стресот.

2. Смеење на глас

Смеењето се смета за најдобриот лек. Терапијата со смеење ги релаксира мускулите и помага да се намали нивото на депресија и анксиозност. Кога се смеете, мозокот лачи допамин кој ги зголемува позитивните чувства. Негативните мисли можат да влијаат на телото така што предизвикуваат стрес и го намалуваат имунитетот. Но ако го промените квалитетот на вашите мисли, ќе ја почувствувате и промената во однесувањето. Споделете насмевка, и светот ќе ви се насмее назад.

3. Здрава исхрана

Јадењето на правилната храна е клучно за вашето здравје. Бројни истражувања покажале дека навиките за јадење имаат големо влијание врз расположението. Најдобро е да направите план за оброци. Обидете се да избегнувате шеќер и преработена храна, а внесувајте повеќе производи од цели зрна, свежо овошје и зеленчук и риба. Намалете ги кофеинот, алкохолот и никотинот што е можно повеќе. Можете кафето да го замените со чај. Зелениот чај содржи антиоксиданси што го подобруваат здравјето, а истовремено ги релаксира телото и умот и помага во борбата против депресијата и анксиозноста.

4. Научете да кажете „Не“

Ако постојано прифаќате сè, ќе се соочите со повеќе притисок и разочарувања. Претераното работење со лошо испланирано време може да резултира со физички и емоционален стрес. На почетокот ова можеби ќе ви биде тешко, особено ако станува збор за личност што ја сакате и којашто е навикната да добива што сака од вас. Можеби и често ќе се предадете со цел да избегнете несогласувања и расправии. Но оваа навика не е себична и е клучна за да живеете живот без стрес. Потребно е да мислите и на вас и да ги почитувате вашите права. Истапете за вас и осигурете се дека сте ги задоволите вашите приоритети.

5. Одмор

Спиењето е одлично за намалување на стресот. Редовната рутина за спиење го смирува и го закрепнува телото, ги подобрува концентрацијата, расположението и донесувањето одлуки и ја подобрува вашата меморија. Од друга страна, неправилното спиење ви ја намалува енергијата и ве прави почувствителни. Недостатокот од спиење може да го зголеми нивото на стрес, а со ова да има влијание на вашиот перформанс и на вашите врски.

6. Почестете се

Уживајте во животот бидејќи заслужувате да бидете среќни. Немојте да бидете престроги кон себе. Вдишете и издишете. Правете ги нештата што ве исполнуваат. Можете да се грижите за себе на многу начини, како на пример одење во кино, одење на некоја авантура, спортување, одење во спа центар, свирење и слично. Сите овие активности ќе ви помогнат да го смирите вашиот ум и да го подобрите здравјето. Покрај тоа, на овој начин ќе се запознаете подобро и вистински ќе се прифатите.

Стресот е неизбежен дел од животот, но тоа не значи дека треба да страдате поради него. Доколку не се справувате со него, само ќе си го зголемите ризикот од сериозни здравствени проблеми. Стресот е нешто што лесно можете да го намалите, а останува на вас да поработите на тоа.

Погледнете ги и знаците кои укажуваат дека сте изложени на премногу стрес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар