6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врски

6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врски

Општо гледано, секоја љубовна врска си има своја тежина. Уште потешко е ако сте жена која е тешка за љубење. Но, не треба да ја барате вината во себе и да мислите дека нешто не е во ред со вас. Вие сте само внимателни кому ќе го подарите вашето време. Многумина кои ви се доближиле понекогаш посакувале да се оддалечат од вас, токму поради вашата комплицирана природа. Најверојатно го забележувате ова кај себе, па по неколку неуспешни врски, сакате да направите одредени промени. Можеби сакате да станете жена која е полесно да биде сакана, но сето тоа ви е непознато. Сѐ што правите е со страст, зашто без страст сметате дека животот ви е бесмислен. Можеби на некој му е тешко да ве засака, но тоа не значи дека не вредите. Доколку себеси се сметате за ваква жена, тогаш еве кои поуки можете да ги извлечете од вашите неуспешни љубовни врски.

6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врски

1. Љубовта бара вложување во неа

Кога ќе погледнете назад на вашите неуспешни врски, ќе почнете да се прашувате што не е во ред со вас. Одговорот е секогаш ист: Ништо. Можеби замислувате врска каде што ќе постои страст, а истовремено и разбирање од вашиот партнер. Па, вашата врска не успеала затоа што тие личности не се потрудиле да ви го понудат ова. Можеби сте жена која е тешко да биде сакана, но вистината е дека тој што ве заслужува, тој и ќе ве добие.

2. Љубовта е трпение

Единствениот човек кој ќе успее да се справи со вас, е некој што ќе има големо трпение. Вие сметате дека трпението и љубовта доаѓаат заедно. Вистинските личности ќе бидат во можност да стојат до вас, притоа не обидувајќи се да ве променат.

3. Среќата доаѓа од самољубието

Не би можеле да сакате некого доколку најпрво не сте подготвени да се сакате себеси онакви какви што сте. Кога ќе почнете вистински да ја цените својата личност, ќе забележите зошто не успеале вашите претходни врски.

6 нешта кои жените што се тешки за љубење можат да ги научат од своите врски

4. Љубовта е компромис

Љубовните врски може да бидат неуспешни и поради тоа што не умеете да правите компромиси. Можеби имате рутина која сакате да ја следите и не дозволувате да биде нарушена. Но, кога ќе сфатите дека ништо не може да успее без компромиси, тогаш ќе можете да ги прифатите работите онакви какви што се.

5. Прифатете да живеете со вашата „лудост“

Не можете постојано да го криете својот карактер. Доколку по природа сте „луди“, не трудете се да го потиснувате тоа. Вистината е дека на повеќето ќе им биде потешко да се справат со вас, но тоа не е лоша работа. Вие можете да го промените светот!

6. Сакајте се онакви какви што сте

Само затоа што сте жена која е тешко да се љуби, не значи дека сте лоша или недостојна за љубов. Вие сте само комплицирани и тоа не е одлика на вашиот лош карактер. Вие сте прекрасни, забавни и грижливи. Затоа, погледнете на вашите неуспешни врски како на животни лекции. Не трошете го своето време на прекумерно анализирање, прашувајќи се што би можеле да направите поинаку. Вие сте неверојатни и само храбрите срца може да ве сакаат. Вистинската љубов ќе ви го подари она што го заслужувате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар