6 нешта кои среќните луѓе никогаш не ги прават
Ги знаете основите: смејте се повеќе, вежбајте редовно, волонтирајте. Но, ако сакате да сте природно посреќна личност во новата година, многу е важно да знаете што правите. Исфрлете ги овие навики од вашиот живот и ќе бидете среќни што сте го направиле тоа.
1. Среќните луѓе не го проверуваат својот фејсбук профил толку често
На црвено светло на семафор, во чекална, пред спиење… Внимателно по „лизгавото тло“ кое ве носи кон опасната зона. Ова однесување води кон зависност од социјалните мрежи, а оттука и кон лошо расположение. Статусите и фотографиите на вашите пријатели нема да направат да се чувствувате посреќно. Сте забележале дека кога сте среќни скоро никогаш не проверувате што се случува на социјалните мрежи? Едно истражување покажало дека корисниците на фејсбук имаат 39% повеќе шанси да бидат помалку среќни од луѓето кои не ја користат оваа социјална мрежа.
Бришењето на апликациите за социјалните мрежи од вашиот телефон е прв чекор кон посреќно секојдневие. Така нема да бидете во искушение постојано да проверувате што има ново.
2. Среќните луѓе не забораваат да направат пауза
Набиениот дневен распоред создава чувство на притисок пред денот воопшто да започне и ви се чини дека нема да имате време дури ни да здивнете, бидејќи ако го направите тоа нема да можете да ги завршите сите обврски. Среќните луѓе знаат како учтиво да кажат не. Тие знаат дека можат најдобро да работат доколку си зададат приоритети во склоп на нивниот распоред. Најдете неколку минути помеѓу два состаноци и фокусирајте се на дишењето, тоа е најдобрата алатка за релаксација во текот на напорниот ден. Бројте ги вдишувањата и издишувањата, при што издишувањето нека трае двапати подолго од вдишувањето, со цел да го забавите ритамот на срцето.
3. Среќните луѓе не се дружат со плачковци
Најчесто вие имате контрола врз изборот на луѓе со кои го поминувате времето. Ако во воздухот почувствувате негативност или се претерува со самосожалување, извинете се и напуштете го разговорот. Времињата можеби се тешки, но лошо е да бидете вовлечени во ситуација каде што сè подлабоко се навлегува во мизерија. Оние кои постојано се жалат, на тој начин можеби си помагаат себеси, но на долгорочен план имаат негативно влијание на вашата среќа. Ако се дружите со 9 скршени пријатели, вие ќе станете десеттиот.
4. Среќните луѓе не претпоставуваат дека сите наоколу им мислат лошо
Кога работите не се одвиваат според планираното или кога добиваат неочекуван одговор, среќните луѓе се љубопитни и очекуваат разумно објаснување. Тие се прашуваат себеси „Што се случи?“ наместо да се налутат и да размислуваат „Како можеа да ми го направат ова?“. Дури и кога некоја личност навистина сака да им наштети, среќните луѓе се загрижени за тоа што всушност се случува во животот на таа личност и што ја тера така да се однесува. Со други зборови, не сакаат да веруваат дека некој има нешто лично против нив.
5. Среќните луѓе не се споредуваат со другите
Уште еден удар против фејсбук. Тој може да влијае лошо на вашата среќа така што лесно ќе ве натера да почнете да се споредувате со другите. Наместо да се затварате во себе, направете проверка на реалноста. Кога некој вели дека вози Кадилак, големи се шансите дека станува збор за автомобил кој е 20 години стар и веќе почнал да ’рѓосува. Ваквото размислување го ослободува мозокот од дополнителниот товар на споредбата со сопствената ситуација во која се наоѓате.
6. Среќните луѓе не забораваат да ги прослават успесите на другите
Како реагира среќен човек кога некој друг ќе добие на лотарија? „Браво, мило ми е за него/неа!“ – велат научниците. Несреќните луѓе живеат во мал свет каде што наградите се страшни. Среќните луѓе живеат во голем свет со безброј случувања. Следниот пат кога некој ваш пријател ќе добие унапредување на работното место честитајте му од срце. Среќата кружи наоколу. Ако се радувате за успехот на луѓето околу вас, не значи дека и вас набрзо нема да ви се насмевне среќата.