6 нешта кои ниту една жена не смее да ги промени поради маж

6 нешта кои ниту една жена не смее да ги промени поради маж

Љубовта е сила која влијае силно врз човекот, но тоа не значи дека треба да ѝ дозволите да ви го одредува секој ваш чекор. Многу е важно да се грижите за другите, но не по цена на вашата сопствена среќа. Па, доколку сакате да имате среќен и исполнет живот, тогаш погледнете ги следниве неколку нешта кои никогаш не би требало да ги промените за маж, дури и да е последниот на светот.

6 нешта кои ниту една жена не смее да ги промени поради маж

1. Не се откажувајте од вашите соништа

Ако отсекогаш сте сакале да бидете професорка, немојте да му дозволите да ве премисли од оваа желба. Не му дозволувајте да ве доведе до ситуација да треба да одбирате помеѓу него и вашиот сон. Доколку вашата љубов е доволно силна, сигурно ќе пронајдете решение кое ќе ви одговара подеднакво и на двајцата.

2. Не го менувајте својот изглед

Само затоа што мажите сакаат да гледаат згодни модели, не значи и дека нивните партнерки треба да изгледаат како нив. Доколку ве тера да се облечете како што нему му се допаѓа или пак, уште полошо, ви предложува пластична операција, тогаш навистина не треба да останете покрај него. Вашето тело е само ваше и вие одлучувате што ќе правите со него, а тој ако навистина ве сака, ќе ве прифати онаква каква што навистина сте.

3. Не ги запоставувајте пријателите

Денес е многу тешко да се најде време за сè што посакувате да направите. Но, кога конечно ќе налетате на малку слободно време, не треба целосно да го посветите на вашиот партнер. Вие исто толку сте им потребни на вашите пријатели и семејство, па распоредете го времето така што никој нема да се почувствува запоставено.

4. Не глумете нешто што не сте

Никогаш немојте да глумите дека сте друга личност. Не глумете дека сте помалку интелигентни или способни само за тој да се чувствува подобро. Верувале или не, мажите всушност сакаат самостојни и независни жени, па доколку се однесувате така сигурни сме дека тој ќе биде горд на вас. Ако ви замерува и се обидува да ве направи нешто помалку одошто сте, тогаш вашето место не е покрај него.

5. Немојте да се изгладнувате

Нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете здрави и да изгледате добро. Но, внимавајте на исхраната и вежбајте затоа што вие го сакате тоа, а не за да го задоволите вашиот партнер. Најважно од сè, бидете задоволни со своето тело и почнете добро да се чувствувате во својата кожа бидејќи само на тој начин ќе можете да бидете вистински среќни.

6. Не дозволувајте да ве контролира

Без разлика колку сте заљубени, не смеете да му дозволите да го контролира вашиот живот. Ако сте во сериозна врска, сосема е нормално да носите заеднички одлуки, но не смеете да му дозволите да донесува самостојни одлуки кои се однесуваат на вашиот живот. Тој треба да ве сослуша и може да ве советува, но крајната одлука треба да биде донесена од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар