6 неочекувани и чудни работи што ќе се случат во вашето тело штом почнете да се храните здраво
Сигурно имате помислено да почнете со здрава исхрана. Иако звучи добро, оваа промена не се случува преку ноќ. Покрај тоа, променувањето на начинот на исхрана може да има навистина неочекувани последици и на вашето тело и на вашиот ум. Слабеењето не е единствената физичка промена што ќе ја искусите.
1. Проблеми со одење во тоалет
Кога ќе почнете да јадете повеќе овошје и зеленчук, на почетокот вашиот стомак нема да знае како да ги преработи. Целата здрава зелена храна на некој начин претставува шок за организмот. Може почесто да го посетувате тоалетот, а може и да страдате од констипација.
2. Гасови
Промената на начинот на исхрана и внесувањето повеќе растителни производи може да ви создаде многу гасови.
3. Неочекувано зголемување на телесната тежина
Постојат добри и лоши масти. Здравите прехранбени производи како авокадо и одредени јаткасти плодови имаат многу здрави масти. Но, овој вид здрава храна често има и многу калории. Ако не обрнувате внимание на внесувањето на калориите, можно е и да ја покачите вашата тежина.
4. Симптоми на повлекување
Зависноста од храна навистина постои. Ако сте навикнати да консумирате брза храна, без разлика дали е слатка или солена, а потоа наеднаш престанете, може да почувствувате симптоми на повлекување. Дозволете си понекогаш да „мамите“. Еден ред чоколадо не може многу да ви наштети.
5. Замор
Кога мало дете ќе изеде многу шеќер станува хиперактивно, а потоа има нагло намалување на неговата енергија. Сличен феномен можете да очекувате и вие ако вашето тело е навикнато на храна со многу шеќер. За да го победите заморот, консумирајте зелен чај.
6. Здодевност
Не е воопшто чудно ако здравиот начин на исхрана ви стане здодевен. Штом ќе помине возбудата од промената, можно е да забележите дека планирањето на оброците е монотоно. Обидете се да пробувате нови рецепти за да ви биде позабавно.
Умереноста е најважна
Ако сте премногу строги кон себе, големи се шансите за неуспех. Наглата промена на начинот на исхрана може да има и несакани ефекти како главоболки, нервоза и други непријатни чувства. Забавете и полека постигнете ја вашата цел.
Погледнете и кои се придобивките од здравиот режим на исхрана.