6 необични примени на маслиновото масло

6 необични примени на маслиновото масло

На сите ни е веќе добро познато дека маслиновото масло, покрај што се користи во подготовката на храната, наоѓа големи примени и во повеќе различни аспекти од животот: Од чистењето на домот до убавината и негата на кожата. Во продолжение прочитајте ги овие 6 алтернативни употреби на маслиновото масло за кои можеби не сте знаеле и кои сигурно ќе ви помогнат во справувањето со некои од секојдневните проблеми.

1. Справување со суви пети

6 необични примени на маслиновото масло

Маслиновото масло е најдоброто решение за проблемот со сувите и испукани пети. Пред туширање, направете пилинг на стапалата за ги отстраните мртвите клетки на кожата. Откако ќе се истуширате, наместо крема, нанесете одредена количина маслиново масло. Облечете чорапи и отспијте во нив – наредното утро вашите стапала ќе бидат меки и мазни.

2. Нега на кожата околу ноктите

6 необични примени на маслиновото масло

За кожата околу ноктите секогаш да ви биде нежна и хидрирана, редовно премачкувајте ја со мала количина маслиново масло. На тој начин кожата на дланките ќе ви биде здрава и негувана, а ноктите ќе ви бидат многу поцврсти.

3. Чистење на четките за шминка

6 необични примени на маслиновото масло

Не морате да трошите пари за средства за чистење на четките за шминка. Во една чаша промешајте малку маслиново масло со детергент за миење садови и во неа ставете ги четките. Така ќе ги отстраните сите нечистотии и остатоци од производите, а поради маслото, четките ќе бидат многу помеки од претходно.

4. Пилинг за усни

6 необични примени на маслиновото масло

Во една чинија направете смеса од мед, шеќер и маслиново масло и со неа нежно протријте ги усните. На тој начин успешно ќе ја отстраните мртвата кожа, а кога ќе ги измиете усните од оваа мешавина, ќе бидете изненадени од нивната мекост.

5. Отстранувач на шминка

6 необични примени на маслиновото масло

На памук нанесете малку маслиново масло и со него поминете преку очите и лицето. Маслиновото масло ќе ги собере сите производи од кожата и ќе го остави вашето лице чисто и свежо.

6. Маска за коса

6 необични примени на маслиновото масло

Во микробранова печка загрејте маслиново масло на неколку секунди и нанесете го на косата. Оставете го да делува 20 минути, а потоа измијте ја косата на начин на кој вообичаено го правите тоа. Маската од маслиново масло дополнително ја хидрира вашата коса и кожата на главата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар