6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Сигурно сте ја забележале посебната врска што постои помеѓу партнерите кои се долго време заедно и колку многу си личат еден на друг. Сите љубовни парови имаат заеднички интереси, а понекогаш имаат дури и слични црти на лицето. Но, постојат и парови кои изгледаат како да се брат и сестра! Па, што мислат научниците за овој интересен феномен? Прочитајте ги 6-те научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето…

1. Наликување на родителите

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Се вели дека мажите се венчаваат со нивните мајки. Тоа значи дека ќе постојат одредени сличности помеѓу нивните идни сопруги и нивните мајки, во однос на нивните навики и нивниот изглед. Научниците потврдуваат дека одбираме партнери кои не само што личат на нас, туку и личат на нашиот родител од спротивниот пол. Најважните фактори се косата, бојата на очите и возраста на родителите. Ако вашите родители не биле млади кога ве родиле, ќе барате повозрасен партнер од вас.

2. Бројот на годините поминати заедно

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Роберт Занјонк, социјален психолог од Америка, ги споредил фотографиите на паровите од нивната венчавка и оние направени 25 години подоцна. Неговото истражување покажало дека дури и да не постоеле сличности во изгледот помеѓу сопругот и сопругата, по 25 години тие многу си личеле еден на друг. Уште еден интересен факт од неговото истражување: Колку посреќни биле сопружниците во бракот толку поголеми биле сличностите во нивниот изглед.

3. Споделување искуства

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Уште една причина зошто почнувате да личите на вашиот партнер е тоа што споделувате искуства со него. Во текот на заедничкиот живот, паровите доживуваат многу среќни и тажни моменти. Тие минуваат низ многу работи заедно и сето тоа влијае на нивниот говор на тело и емоционална состојба. Нивната историја е „напишана“ на нивните лица, односно им се формираат на брчки на истите места на лицата!

4. Нѐ привлекуваат луѓе кои личат на нас

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Според истражувањата, нас нѐ привлекуваат луѓе со кои имаме слични црти на лицето. Тоа се нарекува „асортативно парење“, теорија според која индивидуите со слични фенотипови се привлекуваат меѓусебно почесто за разлика од останатите. Ако обајцата имате сличен изглед, постојат големи шанси дека детето ќе личи и на двајцата. Научниците веруваат дека на овој начин поединците се обидуваат максимално да ги пренесат своите гени на идната генерација.

5. Сличен имунолошки систем

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Нашиот имунолошки систем е одраз на нашиот начин на живот, а тука спаѓаат исхраната и физичката активност. Група научници заклучиле дека паровите кои долго време биле во брак имаат сличен имунитет. Можеби токму затоа партнерите честопати имаат слични навики и сличен животен стил.

6. Имитирање

6 научно докажани причини зошто партнерите почнуваат да личат еден на друг со текот на времето

Партнерите кои многу добро се сложуваат честопати ги имитираат меѓусебните навики и говор на тело. Тоа е знак дека постои емоционална пријатност и доверба во врската. Научниците тврдат дека партнерите ги менуваат своите навики во текот на брачниот живот. На пример, ако едниот од нив се обидува да ги откаже цигарите и да се храни здраво, и другиот ќе го направи истото.

Во продолжение прочитајте ги овие 8 научно докажани трикови што ќе ја зацврстат вашата љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар