6 начини на кои треба поинаку да ги љубите интровертите

6 начини на кои треба поинаку да ги љубите интровертите

Интровертите се чудни суштества. Тие најчесто живеат во два света – реалниот, и оној што постои кога тие се сами со себе. Понекогаш им е тешко да балансираат помеѓу нив, особено кога станува збор за љубовна врска, но со соодветната поддршка и љубов од партнерот, лесно ќе можат да преминуваат од еден во друг свет. Погледнете како треба да ги љубите за да ви дозволат да станете дел од нивниот живот.

6 начини на кои треба поинаку да ги љубите интровертите

1. Мора да љубите со трпение

Како интроверти, тие сакаат нештата бавно да се движат. Мора да прифатите дека едноставно така функционираат – ги преиспитуваат сите искуства, размислуваат премногу, си дозволуваат повеќе време за да ги обработат своите чувства. Не можете ова да го сфатите како навреда. Кога сте заљубени во интроверт, мора прво да изградите темели со нив, па потоа сè останато. И на крај, да почекате да ве поканат да влезете во вашиот нов заеднички дом.

2. Мора да бидете отворени за да им го одржувате вниманието

Интровертите тежнеат по длабоки разговори, па затоа им е тешко да започнуваат нови врски. Тие не се задоволуваат со површното внимание што го даваат новите, модерни врски. Тие не сакаат да зборуваат за времето, ниту пак за плановите за викендот. Сакаат да знаат што ве инспирира, што ја разгорува вашата душа. Сакаат да зборуваат за идеи и цели – едноставно да се претопат во вашите соништа и во вашата дива имагинација.

3. Мора да ги љубите тивко

Интровертите не сакаат гласни врски, па затоа и немаат потреба постојано да објавуваат фотографии на Инстаграм и јавно да ја искажуваат својата љубов. Ова им создава анксиозност, па ако сакате да ги љубите, правете го тоа нежно. Тргнете ги настрана од толпата и бакнете ги. Покријте ги со ќебе кога ќе заспијат на каучот. Подгответе им свежо кафе од сабајле, уште пред да се разбудат. Љубете ги интимно, во простор што постои само за вас двајца и тие секогаш ќе се чувствуваат сакано и згрижено.

4. Мора да им дозволите да си ги наполнат батериите

Интровертите се полнат со енергија на различен начин од останатите. Тие се затвораат во својата соба, читаат книги и се губат во песни. Сакаат да шетаат сами низ градот, додека пијат кафе и уживаат во своето присуство. Ним не им е потребен простор бидејќи сакаат да раскинат или бидејќи не сакаат да поминуваат време со вас, туку затоа што тоа е единствениот начин да се грижат за себе и за својата душа.

5. Мора да сфатите дека и тие љубат поинаку

Интровертите имаат мали социјални кругови, па затоа им треба многу време за да пуштат нови членови во нив. Можеби нема секогаш да зборуваат за своите чувства, бидејќи зборовите се премногу едноставни за да ги искажат нивните длабоки емоции, но ќе се погрижат да ве направат дел од својот живот. Тие ќе најдат начин да ви дадат до знаење дека ве обожаваат – а тоа е најголемата форма на интимност и најценетиот подарок што можете да го добиете од нив.

Прочитајте ги и овие 5 причини зошто интровертите се најдобрите партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар