6 начини на кои стресот може да ви ја уништи врската

6 начини на кои стресот може да ви ја уништи врската

Стресот може да нè убие сите – секој доктор би се согласил со тоа. Тој нè потиштува, ги уништува нашите навики за спиење, прави да изгледаме постаро, па дури и да качиме некое кило. Тој дури влијае и на нашето здравје. Токму затоа не е изненадување дека влијае негативно и врз нашиот сексуален живот, а со тоа има разорна моќ врз самата љубовна врска.

6 начини на кои стресот може да ви ја уништи врската

Клиничкиот хипнотерапевт Џон Мекгреил вели:

„Околу 80% од моите клинички случаи вклучуваат луѓе кои се под преголем стрес и анксиозност, а тоа може да има разорен ефект врз сексуалниот живот. Стресот е физиолошки и емоционален одговор на опасна ситуација. Во модерното општество луѓето запаѓаат под хроничен стрес кој има негативно и долгорочно влијание и врз умот и врз телото. Оваа константна изложеност на стрес е корозивна и може да предизвика најразлични физички и емоционални проблеми. Но, она што е најиронично е дека сексот всушност го намалува стресот. И не само тоа, тој е добар и за срцето, имунитетот како и за тестостеронот и естрогенот.“

Доколку сте постојано под стрес, големи се шансите дека покрај вашето здравје, ќе страда и вашата врска. Погледнете ги наредниве 6 начини на кој стресот влијае врз сексуалниот живот, а со тоа и ја уништува врската.

1. Замор

Претераниот замор е несакана последица од стресот. Доколку сте постојано уморни, големи се шансите дека нема да се вклучувате во интимни односи кои бараат повеќе енергија.

2. Физичка реакција (или нејзин недостаток)

Доколку вашиот ум „верува“ дека е под закана, тоа може да го намали вашето либидо. Кај жените влијае така што не чувствуваат возбуда, а кај мажите се намалува можноста за ерекција. Стресот може да биде виновен и за трошење на вашата енергија, а со тоа и уништување на вашиот сексуален нагон. Тој може да се манифестира како вознемирен стомак, болка во вратот, болки во грбот или пак, главоболки. Сите овие нешта можат да доведат до непријатни чувства кои ве оттргнуваат од интимноста.

3. Нарушено расположение

Сите кои имале тежок ден знаат како да е се вратат дома по голем стрес и токму таа напнатост и нервоза може да предизвика губење на сексуалните чувства. Причината за тоа е што идентитетот на многу луѓе (особено на мажите) е поврзан со успехот и паричната добивка. Доколку тие не се успешни на ова поле, останатите делови од нивното тело исто така почнуваат да се исклучуваат. Овој процес започнува со сексуалната енергија. Но, стресот е особено деструктивен кај жените, бидејќи мажите полесно се возбудуваат. На жената ѝ е потребна соодветна атмосфера и расположение за да може да ужива во сексуалниот однос.

4. Стрес во врската

Кога парот е константно под стрес, хормонот окситоцин (кој е задолжен за поврзување, интимност и емпатија) е намален. Според д-р Џанет Рејмонд, психолог и експерт за стрес и неговото влијание во врската, кога двете страни се во „одбранбена“ позиција, ниту еден од нив нема да сака да се предаде на ранлива ситуација како сексот. Хормоните како кортизолот кои го следат стресот, ве држат постојано на штрек и не ви овозможуваат да се предадете на вашиот партнер. Од друга страна пак, можно е да се појават и интензивни игри на моќ како груб секс во најразлични форми кој повеќе води кон доминација врз партнерот отколку кон задоволување на потребите.

5. Стрес поврзан со анксиозноста

Кога сте под стрес, дали можете да бидете расположени за секс? Најверојатно не. Стресот кој се формира од анксиозноста, стравот или гневот резултира со трошење на енергијата и намалено либидо. Мажите во овие ситуации имаат ризик од импотенција, додека пак жените можат да доживуваат болен однос бидејќи вагиналните мускули им се затегнати.

6. Недостаток на сексуални односи со романтични емоции

Стресот може да предизвика да бидете со личност која не го цени вашиот труд. Потребата за валидација го намалува либидото и ја променува природата на врската од еднакви партнери во однос кој наликува на родител – дете каде што личноста која ја има улогата на „детето“ очајно се обидува да биде забележана и да привлече внимание. Во оваа ситуацијата сексот е последното нешто кое би ви паднало на памет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар