6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Летните одмори почнуваат да доаѓаат и токму затоа сега е одлично време да почнете и со вежбање со цел да изгледате подобро во бикини. Па, ако решите да тргнете во теретана, тогаш дефинитивно би требало да ги погледнете овие 6 начини на кои можете за брзо време да го добиете задникот кој отсекогаш сте го посакувале…

(1) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

1. Потклекнувања кон напред со тегови

Чекор 1:

(2) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Чекор 2:

(3) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Земете во вашите раце тегови и направете чекор напред, со потклекнување, а потоа заменете ја ногата. Поставете си цел од 10 до 12 повторувања со секоја нога и обидете се да правите што е можно поголеми чекори. Држете ги градите исправени и спуштете го што е можно подолу задното колено.

2. Сумо потклекнувања

Чекор 1:

(4) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Чекор 2:

(5) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Земете потежок тег во вашите раце и застанете со раширени нозе, така што прстите ќе ви покажуваат кон надвор. За да ја направите оваа вежба потешка, застанете на две повисоки платформи или степ-скали со цел да се спуштите пониско. Повторувајте од 10 до 15 пати.

3. Удари кон назад со ремен

(7) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Поставете ремен на едната нога и турнете го стапалото кон таванот, притоа малку виткајќи го вашето колено. Повторете 10 до 15 пати на секоја страна.

4. Размрдување на колковите

Чекор 1:

(8) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Чекор 2:

(9) 6 начини на кои можете да го добиете задникот од вашите соништа

Поставете ги вашите рамена и врат на клупа за вежбање и поставете ги колковите во нејзина висина. Почнете да кревате тег над колковите. Одржувајте ја тежината врз вашите стапала и исфрлувајте ги колковите нагоре. Повторувајте од 10 до 15 пати.

5. Кардио вежби

За да постигнете цврст и затегнат задник, вие треба да заборавите на „маратонското“ бавно трчање и да се фокусирате на брзите, кратки и интензивни кардио вежби. Тие имаат поголем ефект врз елиминација на целулитот, кој обожава да се насобира во делот кај задникот.

6. Здрава исхрана

За крај, обидете се да јадете храна која ќе ги гради вашите мускули и која нема да го полни вашиот организам со маснотии. Без соодветните здрави јаглехидрати и протеини, вие нема да можете да стигнете многу далеку, без разлика на времето кое го поминувате во теретана. Ова значи дека за појадок ќе треба да јадете овес со белки од јајце, како и редовно да додавате половина банана во вашиот протеински шејк по вежбањето.

Задникот од вашите соништа ви е на дофат, сè додека сте подготвени да работите за него. Па, ајде девојки, фрлете се на вежбање бидејќи летото се приближува!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар