6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

Сите ние си имаме некои мали задоволства кои нѐ прават среќни, но за кои знаеме дека не се баш најдобри за нас. Поради тоа, секогаш кога ќе си ги дозволиме чувствуваме грижа на совест иако не би требало. Нема ништо лошо во тоа да изедете по некое чоколадо одвреме-навреме. Ова се 6-те начини со чија помош веднаш ќе престанете да се чувствувате виновни поради ситниците кои ве исполнуваат, а сакате да престанете да ги правите…

6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволувате

1. Пиење многу кафе

Сите сакаме кафе и би го пиеле во текот на целиот ден кога би можеле. Но, со целиот тој кофеин, шеќер и млеко, кафето не е баш најздравиот избор. Наместо тоа, кога ќе се туширате наутро истријте го телото со смеса од зрна од кафе, бадемово масло, витамин Е и морска сол. Тоа ќе ви ја зголеми енергијата и ќе ја задоволи вашата потреба за кафе без да претерате со ладното макијато.

2. Јадење цела кутија сладолед

Факт е дека ако имате кутија сладолед, ќе изедете повеќе од што треба. Одбегнувајте да купувате цели кутии и ограничете ја количината на сладолед што ќе ви биде достапна во фрижидерот. Уште подобро е ако си направите самите домашен сладолед. Има многу рецепти на Интернет кои се вкусни, а не се толку калорични.

3. Одење на фризер само за фенирање

Средувањето на косата без особена причина е несомнено едно од најдобри задоволства кои предизвикуваат чувство на вина. Нема да се чувствувате виновни повеќе доколку овие екскурзии до фризерскиот салон ги сметате како инвестиција во вашата убавина. А ако баш не сакате да трошите пари, постојат многу туторијали на Јутјуб кои ќе ви покажат како на лесен и брз начин самите да ја фенирате косата.

6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволувате

4. Пиење коктели

Ќе се чувствувате подобро доколку порачате коктели со зеленчук, наместо вашето рутинско летно мохито. Префрлете се од мартини на коктел со џин и репка. Иако сепак алкохолот не е баш добар за вас, сепак овие коктели барем содржат помалку калории и шеќери.

5. Откажување планови во последна минута

Дојдовте дома од работа по особено стресен и напорен ден и ништо на светот, дури ни плановите за вечера што сте ги направиле уште пред 3 недели, нема да можат да ве станат од каучот. Наместо да се чувствувате лошо поради тоа што сте ги откажале плановите, дозволете си да забушавате малку. Истражувањата покажале дека ова може да ве направи посреќни бидејќи си оставате простор да дишете и да ги обновите вашите пријателски односи кога нема да ви биде толку стресно. Само гледајте да не ви прејде во навика, бидејќи во спротивно ќе забележите како поканите полека се намалуваат.

6. Купување многу облека

Купувањето премногу чевли никогаш не се одразува добро на сметката во банка. Но, можете да го оправдате вашиот шопинг ако направите место во вашиот шкаф со тоа што прво ќе продадете некои од вашите стари работи кои не ги носите повеќе. Нема зошто да се чувствувате виновни доколку вашата стара облека всушност ви ја купува новата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар