6 начини како секогаш да изгледате занесно во златна боја

6 начини како секогаш да изгледате занесно во златна боја

Кога некој ќе спомне „златно“ најверојатно превртувате со очите и не сакате ниту да помислите дека нешто во оваа боја може да го дополни вашиот изглед. Па, таа е толку кич! Сепак, можеби би требало да размислите уште еднаш. Најверојатно имате лоша асоцијација на оваа боја, но доколку е добро комбинирана, златната боја може да изгледа многу отмено и гламурозно, а со самото тоа и вие ќе изгледате како холивудска дива. Па, зошто да не пробате? И не мора да почнете со нешто што изгледа крупно и впечатливо, туку доволно е детаљ за вашата комбинација да заблеска во потполно нов сјај.

1-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

1. Накит

Најблагата варијанта за занесен, „златен“ изглед се секако деталите, односно накитот. Тој не мора да биде толку впечатлив, туку доволно е да изберете тенок, дискретен ѓердан, бразлетна, или ситни обетки, па целиот ваш изглед да стане впечатлив и ефективен. Секако, доколку сте смели, осудете се да ставите и крупни парчиња накит како масивен ѓердан, бразлетна или прстени. Со ваков накит облечете се сведено, за на крај да не добиете претеран ефект.

2-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_ 3-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

2. Каиш

Каишот во златни нијанси исто така може да биде одличен додаток на едноставните, еднобојни комбинации. Овој детаљ одлично ќе се вклопи со белите фустани, но исто така може да ги „збогати“ и фустаните во некоја друга боја како сината, зелената, жолтата… Исто така, кога станува збор за самата нијанса на златна, можете да ја изберете и онаа „помирна“, светла или нијанса на старо злато.

Micah-Gianneli-Top-Australian-Fashion-Blogger-All-White-Gold-Fashion-Editorial-Streetstyle-Torannce-Mecque-Wanted-Shoes-Fashion-Week-Street-Style5-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

3. Обувки

Добар избор за дамите кои не сакаат толку златни нијанси, но сакаат некако да ги воведат во своите секојдневни комбинации, се обувките. Едноставни златни салонки ќе ви дадат доволна доза гламур и отменост, без разлика дали ќе ги облечете со некој фустан, или ќе ги вклопите со фармерки и обична бела блуза. Тие секоја ваша комбинација ќе ја „зачинат“ на вистинскиот начин. Со нив додајте и накит или чанта во златна боја и – заблескајте!

6-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_ 7-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

4. Парче облека

Доколку сакате ефективни златни комбинации, тогаш воопшто не грижете се – изберете некое парче облека во оваа нијанса. Без разлика дали станува збор за блуза, здолниште, џемпер или пантолони, нема да погрешите, а ќе изгледате навистина гламурозно. Со такви ефективни парчиња, задолжително облечете нешто попристојно – ако се одлучите за златно здолниште, тогаш блузата нека биде еднобојна или барем едноставна. Секако, понекогаш и многу смелите комбинации се вистински избор за вас доколку знаете да ги комбинирате на вистинскиот начин. Всушност, облечете се онака како што се чувствувате најпријатно.

8-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_ 9-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

5. Дизајн

И златниот дизајн е добра идеја доколку сакате да ја воведете оваа боја во вашиот стајлинг. Најдобрите комбинации се оние со црно и златно, како и бело и златно. Но сепак, повторуваме, бидете слободни да испробате и нешто посмело доколку сакате да експериментирате со својот стил или пак сте во потрага по комбинација која ќе ве остави без здив. Ако направите ваков впечатлив избор, слободно во својата комбинација додајте и неколку „мирни“ бои за да направите баланс.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA11-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

6. Од глава до пети во златно

На самиот крај, за најхрабрите помеѓу вас, препорачуваме да се облечете од глава во пети во својата омилена нијанса. Изберете впечатлив фустан кој нема да помине незабележано и нека сите очи бидат вперени во вас. Со таквата комбинација вашиот избор нека биде едноставен, пуштена коса, вртоглави потпетици и заводлив, црвен кармин. Секси!

Image by Micah Gianneli and Jesse Maricic - micahgianneli.com13-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар