6 начини да ја навиткате косата без извор на топлина

6 начини да ја навиткате косата без извор на топлина

Сите ги сакаме локните, големи, мали, брановидни… Но, професионалците се согласуваат: регуларното стилизирање на косата со топлина може многу да ѝ наштети. Затоа, погледнете ги најдобрите 6 туторијали кои ќе ви покажат како да ја навиткате вашата коса без употреба на топлински уреди. Најдобриот дел? Резултатите се неверојатни.

6 начини да ја навиткате косата без топлина

1. Боксерска плетенка

Доколку го следите овој туторијал, направен од страна на Cute Girls Hairstyles, ќе добиете брановидни локни кои изгледаат природно и лежерно. Како се прават? Сплетете ја секоја страна од косата до вратот, додавајќи прамени како што плетете. Потоа, спојте ги двете француски плетенки во една. Бидејќи се потребни неколку часа за го добиете посакуваниот ефект, или отспијте со плетенките или носете ја косата така во текот на денот и потоа пуштете ја.

2. Локни со помош на стегач

Сѐ што ви е потребно е еден поголем стегач (или стар чорап) за да го заврзете околу главата и да ја извртите косата околу него. Колку што се помали прамените, толку ќе бидат помали и прстените. Почекајте неколку часа и потоа пуштете ја косата.

3. Пунџа во чорап

Направете убави локни додека спиете! Соберете ја косата во опавче, ставете чорап на крајот од косата и завиткајте ја преку чорапот. Спиењето нема да ви биде тешко, бидејќи чорапот е мек, а не ви се потребни шноли. Кога ќе се разбудите, пуштете ја косата и восхитувајте ѝ се на вашата виткана, волуменозна фризура.

4. Локни со помош на шноли

Ова можеби ви асоцира на 50-тите години, но може да се искористи и во современите трикови за убавина. Натали од FabulousNat со помош на овој туторијал ни покажува како да ја навиткаме косата со помош на шноли. Прво ја виткате косата околу прстот до коренот и потоа ја прицврстувате со шнола. Можете да спиете вака или да почекате еден до два часа. Во секој случај, добивате прекрасни локни.

5. Локни со помош на влажни марамчиња

Ако барате стегнати, многу виткани локни, ова е туторијалот за вас. Завиткајте дел од вашата коса околу секое марамче и заврзете го. Причината што се користат влажни марамчиња е фактот што тие веќе се влажни, па нема потреба претходно да ја влажните косата. Бонус: Можете да ги користите одново. Само напрскајте ги со вода и повторно се спремни за употреба.

6. Завиткај и зацврсти

Овој едноставен туторијал резултира со фини и дефинирани локни. Најпрвин ја важните косата, потоа мора брзо да дејствувате. Поделете ја косата на делови и завиткајте го секој дел подалеку од лицето, зацврстувајќи го со шнола. Колку што е помал делот, толку помали ќе бидат локните, додека поголемите делови ќе резултираат со поголеми локни. Отспијте вака и потоа пуштете ја косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар