6 начини да им помогнете на домашните миленичиња да ги преживеат петардите и новогодишните огномети
За време на новогодишните прослави секогаш има и непосакувани активности, како што е фрлањето петарди. Оваа „забава“ е опасна за сите, а може да биде особено трауматична за домашните миленичиња. Па затоа погледнете како да им помогнете да го преживеат овој период.
1. Овозможете им место за криење
Ова може да биде некое место под покуќнината или во некој гардеробер. Доколку имате куче, оставете му една просторија со неговите играчки за да се чувствува безбедно. Кога станува збор за мачките, нив им е доволно да се сокријат под креветот или во некој мирен агол. Немојте да ги терате да излезат додека не се почувствуваат подготвени.
2. Погрижете се вашите миленици секогаш да се наоѓаат во сигурно опкружување
На овој начин нема да можат да избегаат надвор доколку се исплашат. Доколку имате ваков проблем, најдобро е да им вградите микрочип на милениците. Додека трае периодот на пукање петарди и огномети, изнесувајте го кучето надвор само на кратко и тоа додека е ден. Навечер затворете ги прозорците, а можете да пуштите и музика за да го намалите звукот од пукањата.
3. Немојте да ги казнувате милениците доколку се исплашени
Доколку вашето милениче е исплашено и се однесува немирно, немојте да го казнувате. На овој начин само ќе ја влошите ситуацијата.
4. И вие игнорирајте го звукот на петардите и огнометите
Играјте си со вашето куче за да му го одвлечете вниманието. Сепак, немојте да го присилувате доколку не му се игра.
5. Најдете друго куче што е „пријател“ со вашето, а кое не се плаши од огнометите
На овој начин кучињата ќе си прават друштво. Бестрашноста на другото куче ќе му помогне на вашето да сфати дека не треба да се плаши од пукањето.
6. Прекријте ја куќичката на миленикот со ќебе
На овој начин колку-толку ќе го заштитите од звукот. Сепак, оставете простор за миленикот да може да гледа и надвор. Ставете уште едно ќебе со коешто ќе можете да го покриете кучето.