6 начини да го зацврстите вашето пријателство
Пријателствата се едни од најважните аспекти од нашата животна приказна. Токму затоа потребно е тие да се негуваат. Доколку имате некоја блиска личност која чувствувате како да се оддалечува од вас или пак, со која едноставно сакате да бидете уште поблиски, со помош на наредниве неколку начини ќе можете да го зацврстите вашето пријателство…
Трикот е во малите нешта
Многу е лесно да се заборави дека силните врски не се направени со огромни чекори, туку со континуитет на мали поврзаности и добрина. Доволни се само неколку минути за да одите до продавница и да го купите омиленото чоколадо на вашиот најдобар пријател или пријателка за да ги израдувате кога се чувствуваат лошо. Понекогаш не ни мора да има причина, едноставно израдувајте го/ја со тоа што ќе му/ѝ испратите писмо. Малите нешта имаат голема моќ да го разубават денот на кој било човек.
Екскурзија
Дури и да станува збор за место кое е во близина на вашиот град, направете една мала екскурзија која ќе ви помогне да се зближите со вашиот пријател или пријателка. Поминувањето само еден ден во забавен хотел кој се наоѓа во место кое никогаш претходно не сте го посетиле може да биде совршената промена која ќе ви помогне да ја зацврстите основата на вашето пријателство. Исто така, оддалечувањето од секојдневните монотони рутини ќе ви помогнат да се опуштите, а спомените кои заедно ќе ги создадете ќе ви помогнат таа опуштеност да трае со денови.
Кажете им „да“ на новите искуства
Долгогодишното добро пријателство може многу да ви помогне доколку и на двајцата ви е потребна доза на адреналин. Започнувањето на заедничка активност, како на пример, некој курс кој и двајцата ве интересира без разлика дали причината е сериозна или само за да се смеете еден на друг додека ја правите оваа активност, може да доведе до изненадувачка иновативност и заедничка мотивација да научите и искусите нешто сосема ново.
Помогнете си да започнете заедно со поздрав начин на живеење
Заедничките договори како откажувањето на цигарите, џогирањето или медитацијата можат да имаат и физички и емоционални придобивки како кај вас така и кај вашиот најдобар пријател или пријателка. Доколку сте на исто место, можете многу полесно да ги издржите сите препреки кои ќе ви се најдат на патот до целта, но истовремено ќе ви помогнат и да ја зајакнете вашата поврзаност.
Прифатете фидбек. Сериозно!
Обидете се да не ги отпишувате веднаш искрените жалби, критики или пофалби од вашите најблиски само затоа што ви е непријатно да ги слушате. Во сите видови врски, луѓето често покажуваат знаци за она што навистина го правите правилно (или погрешно), па токму затоа дозволете им да се искажат до крај. И сослушајте ги. Колку повеќе ги разбирате нивните мисли и чувства, толку поблиски пријатели ќе станете.
Откријте нешто што ве прави ранливи
Често, најсилниот „лепак“ помеѓу две личности е довербата која се развива по споделувањето на нешто поврзано со стравови, маани или несигурности. Размислете, оние кои најдобро ве познаваат ги чувствувате за најблиски. Се согласувате? Доколку имате пријателство кое сметате дека вреди да се зачува, дозволете му/ѝ да застане малку поблиску до вистинските вие, дури и по цена ова малку да ве турне од вашата безбедна зона.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.