6 начини да го подобрите денот за само 5 минути

6 начини да го подобрите денот за само 5 минути

На сите понекогаш ни се случува да имаме лошо утро, кога сме станале на лева нога или кога некој ни го расипал расположението. За среќа, постојат неколку работи кои можат да се направат во оние моменти кога утрото е против нас, за да можеме да го спасиме остатокот од денот и успешно да се соочиме со преостанатите обврски и задачи. Во продолжение прочитајте ги 6-те начини да го подобрите вашиот ден и тоа за само 5 минути.

6 начини да го подобрите денот за само 5 минути

1. Помирисајте лимон. Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив откриле дека мирисите на цитрусите, особено на лимонот, позитивно влијаат на нашето расположение бидејќи го зголемуваат нивото на серотонинот, уште познат и како хормонот на среќата, во нашиот организам.

2. Составете ја вашата среќна листа. На лист хартија напишете неколку работи кои ве прават среќни, како што е датумот кога ќе одите на одмор, омилениот цитат од познатите личности, облеката која планирате да си ја купите кога ќе добиете плата и слично. Која било мала или голема работа што ја сакате, автоматски ќе ве расположи кога ќе почнете да размислувате за неа.

3. Намачкајте се со крем за сончање. Не е важно што нема да одите на плажа туку ќе одите на работа или на факултет. Мирисите кои ве асоцираат на плажа, сонце и море веднаш ќе нацртаат насмевка на вашето лице. Доволно е само да ги намачкате дланките и да се изгубите во фантазиите.

4. Прегрнете некого. Вашето семејство, пријателите, партнерот, домашното милениче, не е важно. Допирот навистина има лековити својства.

5. Пуштете ја вашата омилена песна. Ако немате омилена, тогаш пуштете ги универзалните химни на среќата: „Happy“ од Фарел Вилијамс и „The Bare Necessities“ од анимираниот филм „Книга за џунглата“.

6. Изедете ред чоколадо. Црното чоколадо го поттикнува мозокот да испушта ендорфини, кои се заслужни за доброто расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар