6 начини да ги излечите испуканите усни
Исто како на кожата, така зимата им штети и на вашите усни – тие пукаат и се сушат како последица на ладниот воздух. Меѓутоа, постои можност да имате заводливи и меки усни дури и во ова годишно време. Всушност, испуканите усни се еден од најлесно решливите проблеми кои се поврзани со убавината и негата на телото. Еве и како…
1. Не дишете на уста
Не само што оваа навика не е убава на долг план за организмот, туку и како последица ќе имате испукани усни. Исто така, и балсамот за усните ќе има многу пократко дејство поради топлиот воздух кој го испуштате при дишењето.
2. Не лижете ги усните
Дерматолозите се согласуваат дека испуканите усни се најчесто резултат на нивното лижење и грицкање. Секако, во прашање е еден круг од кој не може лесно да излезе. Имено, плунката ги суши вашите усни, зголемувајќи ја потребата повторно да ги навлажните, па затоа и ако еднаш почнете, нема да можете да престанете.
3. Избегнувајте ги долготрајните кармини
Ова најмногу се однесува на долготрајниот тип течни кармини, кои во себе содржат алкохол. Токму оваа состојка е виновникот кој најмногу ја суши кожата, па и усните.
4. Водата нема да ви помогне
Спротивно на познатите мислења, количината на вода која ја пиете во текот на денот нема никакво влијание на испуканите усни. Всушност, за усните да ви се исушат поради недостаток на течност, не треба да пиете ништо со денови.
5. Балсам пред и после секој оброк
После секое јадење и пиење, нанесете балсам за усни. Водата која се внесува при храната и пијалаците може дополнително да ги исуши усните, па затоа балсамот е добро решените за нивното моментно лекување.
6. Користете хидратантни препарати
Основната карактеристика која треба да ја има вашиот балсам за усни е хидратантност. Независно дали е во прашање гроздова маст или некој декоративен балсам, важно е да не содржи ментол или камфор, бидејќи овие состојки можат да предизвикаат непријатно печење на усните кои се веќе испукани.