6 мотивациони фрази кои сигурно ви здодеало да ги слушате и нивното вистинско значење

6 мотивациони фрази кои сигурно ви здодеало да ги слушате и нивното вистинско значење

Можеби следите неколку мотивациони и инспиративни профили на социјалните мрежи. Можеби секојдневно читате како да станете подобра личност. Можеби сте создале утринска рутина и успешно сте ја следеле неколку месеци.

6 мотивациони фрази кои сигурно ви здодеало да ги слушате и нивното вистинско значење

Сето ова навистина ви помогнало и направило да се промените. Но, сигурно почнувате да забележувате проблем. Можеби пораките за личен развој повеќе не ве инспирираат како порано. Сепак, продолжувате да ги слушате и да ги читате и ја барате инспирацијата што некогаш ве натерала да направите нешто.

Важно е да знаете дека мотивационите пораки сè уште ви се од корист, само потребно е да не ги користите како алатка за мотивација, туку да се обидете подобро да ја сфатите нивната суштина.

Во продолжение погледнете некои од најчестите мотивациони фрази што сигурно веќе ги знаете. Секоја фраза содржи два дела – како ви звучи пораката во моментот и како би требало да ја сфатите со цел да напредувате.

1. „Престанете да кажувате што ќе направите и само започнете“

Како ви звучи: „Јасно ми е, потребно е да работам понапорно од кого било и да престанам да се обидувам да го направам совршениот план. Ќе започнам утре.“

Што би требало да сфатите: Секојдневното делување кон вашата цел е клучот за успех. Без него нема да забележите промена. Сите кажуваат што ќе направат. Луѓето за кои сите зборуваме се оние кои тивко работат. Секој ден ви е уште една шанса да одлучите на која страна ќе бидете.

2. „Опкружете се со вистинските луѓе“

Како ви звучи: „Треба да најдам 5 луѓе што се поуспешни, побогати и поинспиративни и да го поминувам целото време со нив. Треба да ги отстранам сите пријатели што ме држат назад.“

Што би требало да сфатите: Редовно проверувајте го вашиот социјален круг и бидете објективни. Дали овие луѓе се добри за вас и за вашите цели? Ако одговорот е „Не“, ќе треба да направите избор. Ако ги задржите, правите ризик никогаш да не стигнете до врвот. Можеби не треба засекогаш да се ослободите од нив, но засега тоа е добра одлука. Запомнете дека не сте подобри од кого било бидејќи сте одбрале да го следите сонот. Ваша одговорност е да одлучите дали присуството на овие луѓе ви помага или ве уназадува.

3. „Визуализирајте го вашиот успех.“

Како ви звучи: „Па, пробав визуализација неколку пати, но не ја сфатив баш поентата. Веројатно не гледам како замислувањето на моите цели може да помогне…“

Што би требало да сфатите: Постојат илјадници начини за визуализација. Не е нешто комплицирано, па немојте премногу да размислувате за неа. Секојдневно гледајте го посакуваниот резултат. Редовното практикување на оваа техника ќе ве мотивира во тешките периоди. Исто така ќе ви биде полесно да ги одбиете нештата што ќе ве оддалечат од вашите цели.

4. „Работи попаметно, а не понапорно“

Како ви звучи: „Секогаш одберете го најлесниот пат. Зачувајте си ја енергија. Патувањето е долго…“

Што би требало да сфатите: Времето е ограничено. Постојано присетувајте се на оваа вистина. Бидете во допир само со нештата што само вие можете да ги направите. Направете сè што е потребно за да ги надминете или да ги елиминирате нештата што ве држат назад. Ова не значи дека треба помалку да се трудите. Вложете повеќе труд во нештата што се најважни.

5. „Создајте го вашиот совршен животен стил“

Како ви звучи: „Во наредните 8-12 месеци ќе работам од плажа со барем два извора на приход и ќе го правам она што го сакам.“

Што би требало да сфатите: Дел од имањето визија е да знаете каде ќе завршите. За што правите сè? За да создадете нешто што ќе го правите по ваш распоред? За да поминете повеќе време со семејството? За да живеете подолго со повеќе ресурси? Можеби нема веднаш да се најдете таму. Всушност, можеби долго време нема да се најдете таму. Но, никогаш нема да знаете дали треба да искористите некоја можност сè додека не одлучите кон што целите. Ако сакате да работите на плажа, одлично. Ако не, најдете го вашиот сон. Немојте да гледате што сакаат да направат другите за да ги одредите вашите желби.

6. „Престанете да се грижите што мислат другите“

Како ви звучи: „Некако, другите луѓе се убедуваат дека не треба воопшто да се грижат за туѓото мислење. Сè уште не сум дотаму, но сакам да бидам!“

Што би требало да сфатите: Веројатно никогаш нема да се случи целосно да бидете незаинтересирани за туѓото мислење за вас. Дури и ако отстраните 99% од населението, сепак ќе постои член на семејството или партнер кој има шанси да направи да се чувствувате лошо или несигурно.

Ако ви е потребна дополнителна мотивација, прочитајте ги овие прекрасни инспиративни пораки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар