6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

Без разлика дали станува збор за посакување пари, љубов, здравје или можност за прошетка низ целиот свет, важно е да станеме свесни и будни, дека само ние управуваме со нашиот живот, и никој друг. Можеби немаме моќ врз природните непогоди кои се дело на мајката природа, но дефинитивно имаме моќ да се промениме себеси, во насока којашто позитивно ќе влијае врз сите полиња од нашиот живот.

6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

Имајте на ум дека дури и во трусните подрачја како што е на пример Јапонија, и покрај тоа што ужасни земјотреси ја тресат земјата многу често, тамошниот народ е посветен на градење стабилни, отпорни облакодери и инстантно санирање на сите штети после земјотресите, како ништо да не се случило. Тогаш, што останува за секојдневните проблеми со коишто се соочува обичниот човек? Тоа значи дека кога се сака, сè се може, а вие сте тие коишто го управуваат воланот на вашиот живот.

За да имате, да речеме, пари во животот, потребно е да имате ЕДНА дефинирана ЖЕЛБА и таа да биде толку конечна, што ниеден човек, карма, судбина и слично, нема да ве обесхрабри до тој степен, вие да решите да се откажете. Ако имате неверојатно силна амбиција, водејќи се по мотото „Направи го или исчезни“, вие ќе успеете не само да живеете пристоен живот, туку ќе можете да станете астронаут, научник, музичка ѕвезда или што и да е тоа за коешто сонувате.

Методот со чија помош желбата за богатство ќе биде претворена во финансиски еквивалент, се состои од 6 одредени, практични и јасни чекори:

Прв чекор

Во вашиот ум, фиксирајте точен износ на пари коишто сакате да ги заработувате. Секако, тоа не значи дека е доволно само да си речете: „Јас би сакал/а многу пари“, бидејќи е тотално непрецизна и неефикасна автосугестија. Бидете прецизни во износот, бидејќи постои психолошка причина зад оваа јасно дефинирана сума. Пример: „Сакам да заработувам 1.000 евра месечно.“

6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

Втор чекор

Одредете која цена сте подготвени да ја платите, за да ги стекнете тие пари што ги посакавте во првиот чекор. Освестете се дека не постои такво нешто како паѓање пари од небо, каде што вие ќе добиете нешто, без да дадете нешто од себе.

Трет чекор

Определете точен календарски датум, на кој вие планирате да ги имате во рака парите коишто ги посакавте. Овој чекор е подеднакво важен, и покрај тоа што можеби ви звучи нереално да задавате цел со определен датум, којшто треба самите да го измислите, а не знаете дали воопшто би нашле работа или проект којшто ќе носи толку пари, до тогаш. Идејата не е да сфатите зошто е ова важно, туку да му верувате на процесот. Напишете некој датум, толку е едноставно. Пример: 5 март, 2019 година.

Четврти чекор

Направете прецизен план, којшто ќе ја поддржи вашата желба и веднаш штом ќе го завршите, почнете паралелно да работите на неговото спроведување во акција, без разлика дали сметате дека психички сте подготвени за тие акции или не.

Петти чекор

Овој чекор е во суштина резиме на сите претходни четири чекори, со цел темелно да ви биде јасен нивниот редослед и процес. Прво, запишете на хартија јасна, прецизна реченица којашто ќе го вклучува точниот износ на пари, којшто сакате да го имате. Второ, определете краен датум за реализирање на таа сума. Трето, определете што сте подготвени да дадете или да вложите од себе, како на пример труд, намалено време за други активности, откажување од одредени задоволства и слично, за да ги стекнете тие пари. Четврто, прецизно дефинирајте го планот благодарение на кој ќе ги стекнете тие пари.

6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

Шести чекор

Читајте го напишаното на глас, два пати дневно, еднаш пред да си легнете да спиете и уште еднаш наутро, веднаш откако ќе се разбудите. Како што ќе читате, ЧУВТВУВАЈТЕ, ВЕРУВАЈТЕ и ЗАМИСЛУВАЈТЕ се себеси, како веќе ги поседувате замислените пари.

За овие автосугестии да извршат огромно влијание врз вашата потсвест, потребно е внимателно да ги следите првите 5 чекори, а особено е важно на крајот да ги следите инструкциите спомнати во 6-от чекор.

Психологијата којашто стои зад оваа вежба, е фактот дека доколку навистина жестоко ПОСАКУВАТЕ да имате пари и вашата желба стане практично опсесија, бидете сигурни дека вие нема да имате никаков проблем да го имате посакуваниот износ во вашите раце. Целта што сакате да ја остварите со неа, е да посакувате да имате пари и да бидете толку решителни во идејата дека ќе ги имате, што ќе се УБЕДИТЕ себеси дека ќе ги стекнете.

Чекори се многу едноставни и не бараат некаква ужасна пожртвуваност од вас, ниту бараат да бидете смешни или патетични за да ги реализирате. Напротив, можеби најпаметно да е не зборувате за овој ваш план со никој друг, бидејќи големи се шансите дека ќе бидете исмеани што верувате во такви „имагинарни глупости“. Па, за да не ве обесхрабрат да пробате, подобро е да ја спроведувате методата тивко и за себе.

За овој метод, не ви е потребно да имате високо образование или работно искуство. Она што е потребно, е да имате ИМАГИНАЦИЈА, којашто ќе ви овозможи да видите и да разберете дека богатството не треба да биде оставено на ШАНСА, ДОБРА СУДБИНА или СРЕЌА. Она што вие треба да го дадете од себе, е да имате сон, надеж, желба, копнеж, визуализација и план за да може таа сума да заврши во вашите раце, на реален и чесен начин, независен од некаква си „среќа“ или добивка на лото. Реално, кои се шансите да се случи тоа?

6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

Голем е бројот на добитници на лото, кои толку се возбудиле што преку ноќ станале богати, што ги изгубиле сите пари до денар, неразмислувајќи за последиците од прекумерното трошење, ниту направиле план за потенцијални инвестиции кои би можеле цел живот да им носат пари. Парите се ливче хартија, коешто доаѓа и си оди. Моќта и изборот дали ќе ги имате или не, лежи во вас. Секој од нас, порано или подоцна добива шанси во животот, кои треба да ги ФИЛТРИРА во хаосот, да ги ПРЕПОЗНАЕ и да ги ИСКОРИСТИ во своја полза.

Овие генијални чекори се извлечени од светскиот бестселер на Наполеон Хил, „Мисли и збогати се“ (Think and Grow Rich), издаден во 1937 година, а се надополнети и образложени од страна на авторката на статијава. Оваа книга не е новела чијашто цел е да ги забавува читателите, туку е ремек-дело за Законот на филозофијата за успех, коешто е пишувано вкупно 25 години. За тој период авторот интервјуирал и го „хакнал“ патот до успехот на 500 мегауспешни луѓе низ историјата, како што се Хенри Форд, Вудро Вилсон, Томас Едисон и многу други, коишто започнале од нула, а успеале само и само благодарение на нивните МИСЛИ, ИДЕИ И ОРГАНИЗИРАНИ ПЛАНОВИ.

Со „среќа“ и вам, но нема да ви треба многу. 🙂

Може да ве интересира и овој Фенг Шуи трик: „Кутија со богатство“ која ќе ви помогне да ги привлечете посакуваните работи во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар